Блокадата на зградите на Радио и телевизија на Србија влезе во деветти ден, а како што е најавено ќе трае се додека не се распише нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), јавуваат српските медиуми.
Студенти и граѓани и денеска ги блокираат влезовите во објектите на Радио и телевизија на Србија на улиците Таковска и Абердарева, како и студиото во Кошутњак.