• Latest

Во 2016 починало 261 новороденче!

March 16, 2017
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во 2016 починало 261 новороденче!

March 16, 2017 17:02
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во 2016 година починале 261 новороденче, односно 67 повеќе од претходната година! 35% повеќе починати бебиња од 2015!  И во 2012/13/14, бројот на починати бебиња се движел од 229, преку 235, до 232, и покрај тоа, што преку превентивните програми на Министерството за здравство, се одвојуваа средства за да се заштити здравјето на бебињата и на родилките. Покрај сите стратегии и платформи, според дел од „белите мантили“, катастрофалната состојба во македонското здравство е последица на поставување на неадекватен партизиран кадар на функции, од министерската, преку директорските, до најниско рангираните, како и од егзодусот од невидени размери на квалитетен медицински персонал!

„Смртноста на новороденчињата и на доенчињата, како и останатите неразјаснети случаеви во здравството, се дело на несоодветните реформи, спроведени од несоодветен човек и од неговите послушници кои раководат и го менаџираат здравството во Република Македонија“, рече во разговорот за ЦИВИЛ Медиа, педијаторот д-р Ангелчо Андоновски.

Д-р Ангелчо Андоновски

„Македонија тоне, а јавноста е манипулирана дека сме на самиот врв во Европа?! Да – врв, ама врв во смртноста на бебињата, на пациентите со ретки болести, или во негрижа за болните на дијализа, болните од дијабетес, со еден збор, во тоталната негрижа за сопствениот народ. Пропустот се прави од самото раководство во Министерството за здравство, преку поставување на послушници и несоодветен партизиран кадар. Ние имаме голем проблем веќе одамна, со одлив на квалитетен медицински персонал, со егзодус на белиот мантил од невидени размери“, истакна соговорникот на ЦИВИЛ Медиа, д-р Андоновски.

Тој додава дека решенија постојат и треба да бидат спроведени, но тие не се спроведуваат и дека Македонија стана држава со најнеквалитетно здравство во цела Европа. Според него, дното е веќе допрено.

И покрај тоа што пред седум години е усвоена Стратегија за безбедно мајчинство (за периодот 2010–2015 година), според анализата, индикаторите за здрава и безбедна бременост – се влошуваат. Во Стратегијата на Министерството за здравство, како една од неопходните цели беше поставено и обезбедување на „еднаков и ефикасен пристап до здравствените услуги, градење на капацитетите на обучениот кадар и посветување на посебно внимание на маргинализираните и ранливите групи“. Но, невладиниот сектор повеќе години наназад, укажува дека највисока стапка на смртност кај доенчињата има токму во регионите каде недостасуваат матични гинеколози и каде нема гинеколошки установи. Градови со највисока стапка на смртност на новороденчиња во Македонија се Дојран, Берово, Гевгелија и Крушево.

Уште во ноември минатата година, медиумите објавија дека според статистичките податоци од анализата на Платформата за родова еднаквост и на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување, Македонија има највисоко ниво на смртност на новороденчиња во Европа. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, стапката на смртност на новороденчиња во Македонија, непосредно по раѓањето, е 14,3 проценти што е на највисоко ниво во Европа и тројно повисоко од европскиот просек кој изнесува 5,2 проценти! Исто така, во анализата се вели и дека „статистките за смртноста на доенчињата – бебиња кои починале пред да ја навршат првата година од животот – во Македонија се поразителни, а голем дел од индикаторите кои укажуваат на достапноста до здравствените услуги за безбедно мајчинство во земјата, дополнително се влошени, споредено со 2010“.

Дехран Муратов

 

Tags: „врв во Европа“д-р Ангелчо Андоновскипослушници и несоодветен партизиран кадарпочинати новороденчињасмрт на доенчињаСтратегија за безбедно мајчинство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ