Почнувајќи од 1 мај 2025 година, граничните контроли за возила и патници на Република Косово и Албанија повторно ќе бидат укинати, јавуваат косовските медиуми.
Оваа одлука важи за возила со косовски и албански регистарски таблички.
Одлуката доаѓа во спроведување на договорот меѓу владите на Косово и Албанија, за премин на возила и патници меѓу двете земји без гранични контроли.
Се очекува граничниот премин Морина да го спроведе овој договор од раните утрински часови на 1 мај, додека одлуката ќе биде на сила најмалку до септември оваа година.