• Latest

По трагедијата во Бачишта: Дали прстот е вперен на право место?

March 20, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

По трагедијата во Бачишта: Дали прстот е вперен на право место?

March 20, 2017 15:13
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку дена јавноста е потресена и згрозена од случајот на малиот Џеваир од кичевското село Бачишта, кој го загуби животот, растргнат од кучиња. Според официјалниот извештај на МВР, увид извршила екипа на ПС Кичево и констатирала дека нападот се случил околу 11.30 часот, кога малечкиот Џеваир, сам сакал да стигне во соседната куќа, минувајќи низ нива, бил нападнат од поголема група на кучиња во сопственост на Ш.В. (49) кои се враќале во селото со стадо овци. 

По целосното документирање на настанот, поднесена е соодветна кривична пријава за сопственикот на кучињата. Но, и покрај кривичната пријава, дел од јавноста не престана со обвинувањата и ги повикува на одговорност и здруженијата за заштита на животни од Скопје, конкретно здружението „Анима Мунди“.

Столе Велковски,  претседател на „Анима Мунди“, потенцира дека „здруженијата не сакаат бездомни животни на улица и се единствени кои волонтерски, самостојно, континуирано дејствуваат и реално придонесуваат кон намалување на бројката бездомни кучиња“. Според Велковски, „здруженијата не само што немаат никаква надлежност, туку се исклучени, држани на страна и целосно оневозможени да дејствуваат и да им помогнат на институците во третирањето на овој проблем“.

„Да биде уште пострашно освен што се одбива нашата волонтерска помош, се одбива секој друг вид помош која сме ја обезбедиле од странски организации – се одбива можност за нивно доаѓање во Македонија и за теренско дејствување кое секако би придонело кон воспоставување контрола на бездомните животни на улиците и кон едуцирање на населението. Се одбива помош која е од интерес на граѓаните, на животните и на колективната благосостојба и безбедност”, изјави Велковски за ЦИВИЛ Медиа.

Во разговор со граѓански новинар од тој регион, ЦИВИЛ Медиа дознава и за неколку случаи на труења на кучињата, по четирите пријави во полициската станица во Кичево за напад од кучиња во истото село. Дали убивањето, односно, труењето на кучињата, е трајно решение на проблемот, или само моментално решение, со оглед на тоа дека нападите и по труењата, продолжуваат?

„Анима Мунди“

Во соопштението на нивната ФБ страница, „Анима Мунди“ порачуваат дека „надлежните (институциите од локалната и централната власт) најчесто веруваат дека единствениот начин да се задржи под контрола популацијата на бездомни животни е истите да се убијат. Тие располагаат со народните пари и главно ги убиваат животните – меѓутоа, тоа е скап и целосно бескорисен метод кој ги отстранува (за кратко време) симптомите, а нема никакво позитивно влијание врз причините. Јавните пари циклично се трошат, а се развива насилно и сурово однесување кон животните од локалното население и обратно, раздразливост, недоверливост кај животните.”

Според нив, трајно решение за проблемот е „мандаторната стерилизација и кастрација на домашните миленици, што во поразвиените земји се покажува како позитивен пример за решавање на проблемот. Тие бараат поставување на законска рамка која ќе санкционира неодговорно сопствеништво – напуштање и неконтролирано размножување на милениците, и како најбитно – доследна примена на законите!“

„Од постоењето на ‘Анима Мунди’, односно 2009 година, ние секојдневно водиме битки со институциите за решавање на проблемот со бездомните кучиња. ‘Анима Мунди’ не сака кучињата да бидат на улица, а нивната бројка да се регулира на хуман начин. И тоа треба да е кристално јасно! Нудиме комплетни решенија, признати како позитивна пракса за регулирање на бројката на напуштени единки во поразвиените земји. Ни самите веќе не знаеме на колку состаноци со Град Скопје и со други институции сме понудиле трајни решенија, сме понудиле помош од странски организации, кои на нивни трошок (донации) ќе стерилизираат/ кастрираат и обележуваат кучиња во градовите низ цела Македонија, но и во руралните средини. Нашата помош секогаш е дрско одбивана, поради најразлични банални причини. Институциите како да не сакаат проблемот да биде решен!”, изјави Велковски за ЦИВИЛ Медиа.

Ивана Талеска

Tags: „Анима Мунди“Бачиштабездомни кучињакастрацијаКичевомандаторна стерилизацијапримена на законитеСтоле Велковскитрагедија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ