Четири деца се меѓу речиси 50 повредени лица откако автомобил се заби во публиката за време на победничката парада на ФК Ливерпул во Премиер лигата во понеделник вечерта, пренесува Би-би-си.
Околу 27 лица се однесени во болница, а две се здобиле со сериозни повреди – вклучувајќи и едно дете
53-годишен бел Британец е уапсен и се верува дека е возачот на возилото, соопшти полицијата од Мерсисајд. Тие не го третираат инцидентот како тероризам
Градоначалникот на градскиот регион Ливерпул, Стив Ротерам, изјави за Би-Би-Си дека „еуфоријата“ од денот била „засенета“ од инцидентот, додавајќи дека сега е „важно да се остави полицијата да си ја врши работата“.
М. Д.