• Latest
Фото: МИА

Предлогот за интерпелација за претседателот на Уставниот суд, денеска пред пратениците

July 9, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Предлогот за интерпелација за претседателот на Уставниот суд, денеска пред пратениците

July 9, 2025 09:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска треба да ја започне новата 59. седница на која како прва точка на дневниот ред е интерпелацијата за работата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, поднесена од пратеничката група на Европски фронт.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на неделниот брифинг со новинарите истакна дека на понеделничката координација со координаторите на пратеничките групи преовладувала перцепцијата дека не е добро Собранието да врши интерпелација на Претседател на Уставен суд.

-Се отвори прашањето за интерпелацијата на претседателот на Уставниот суд. Ние ја ставивме како точка на дневниот ред. Имаше дискусија дали сме постапиле добро, дали е во ред или не, што е нормално. Наша и моја дилема како Собрание, како кабинет и како служба. Ние се водевме по членот 72 од Уставот и 47 од Деловникот на Собранието каде се вели „интерпелација може да се покрене за секој носител на јавна функција“.

Сега ние како Собрание мораме да го процесуираме тоа. Од друга страна зборуваме за судска власт и тоа остана тема која ќе ја видиме. Можеби некои од пратениците ќе бараат таа точка да се тргне од дневниот ред. Главно, на координацијата со координаторите на пратеничките групи преовладуваше перцепцијата дека не е добро како Собрание да вршиме интерпелација на претседател на Уставен суд. Ќе видиме како ќе одлучи пленумот, рече Гаши.

Информира дека тој ќе бара од собраниската Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања јавна расправа за дефинирање на зборот „носител на јавна функција“.

-Јас ќе барам од Комисијата за деловнички и мандатни прашања да заседава и понатаму да направиме јавна расправа да се дефинира поточно зборот „носител на јавна функција“, затоа што тука спаѓаат претседателот на државата, градоначалниците, особено судовите. Мислам дека треба правно да ја разјасниме за понатаму да не остане тоа на волјата на претседателот на Собранието или некоја индивидуа, туку да оставиме институционален траг како да се постапува по овие иницијативи.

Гаши потенцира дека поднесителите на иницијативата за Костадиновски, односно ДУИ, не присуствувале на денешната координација на координаторите на пратеничките групи. Предложил таа точка да се тргне од дневниот ред.

-Подносителот на иницијативата за интерпелација, односно ДУИ не беа денеска на координацијата. Јас сакав да предложам дали да ја тргнеме, ама тогаш пак ќе имаше реакции зошто сме ја тргнеле и плус не беше координаторот на ДУИ за да не решаваме во нивно име. На самата седница ќе се гласа дали да се тргне. Во Уставот стои само „носител на јавна функција“. На пример, тогаш ДУИ реагираше за интерпелацијата за членовите на Судскиот совет, а сега тие сами предлагаат, рече тој.

Гаши соопшти дека Собранието ги следела сите рокови и до Костадиновски е испратена интерпелацијата. Посочи дека тој имал рок да одговори, но не одговорил. Потенцира дека Костадиновски кажал дека нема да присуствува на пленарната седница каде ќе се дискутира за неговата интерпелацијата. Гаши нагласи дека тоа е негово право.

Пратеникот на Европскиот фронт, Илир Хасани тогаш на прес-конференција образложи дека интерпелацијата е поднесена за работата на Костадиновски врз основа на член 72, став 1 и став 2 од Уставот. Според Хасани, Костадиновски свесно го прекршил Законот за употреба на јазиците и членот 101 од Законот за Уставниот суд.

– Сакам да нагласам дека оваа иницијатива нема за цел да изврши притисок врз Уставниот суд за разлика од другите претходни интерпелации кои беа јасно од политичка природа, туку има социјална и медиумско влијание. Нашата цел е да поведеме институционална дебата за фукционирањето на оваа институција и улогата на нејзиниот претседател во почитување на Уставот и постоечките закони, рече Хасани.

Според Хасани, Костадиновски има предрасуди кон албанскиот јазик.

На 59. седница, нај дневен ред се предложени 31 точка меѓу кои и Предлогот за изборот на член на Комитетот за односи меѓу заедниците, од редот на Ромската заедница, Предлог на законот за вработените во јавниот сектор, во второ читање, Предлог на законот за административни службеници, Предлог на законот за стручно усовршување и обука на административните службеници во второ читање, Предлог на законот за изменување на Законот за работните односи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

По скратена постапка се поднесени Предлог на законот за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог на законот за изменување на Законот за воздухопловство.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ