• Latest

Во мирување одлуката за штрајк на контролорите на летање

July 10, 2025

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Во мирување одлуката за штрајк на контролорите на летање

July 10, 2025 10:30
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ ја стави во мирување одлуката за штрајк што требаше да се реализира денеска, потврди за МИА претседателот на ССКЛМ, Александар Тасевски.

– Тоа што го баравме се придвижuва, одобрено е барањето за вработувања на контролорите и за спроведување на функционалната анализа која ќе определи кои се работни места и број на извршители треба да постојат, изјави Тасевски.

Сепак, најавува дека ќе го оспорат последниот конкурс за вработување за кој веќе реагираа во предупредувањето за штрајкот.

– Не застануваме тука ќе продолжиме да бараме професинализам. Има неправилности и во последиот конкурс, ние повторно дадовме шанса, но очигледно УО нема намера да застане, вели Тасевски.

ССКЛМ преку известување до раководството на М-НАВ на 16. минатиот месец побара да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк. Повикаа да се пристапи кон итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна до крајот на јуни, а во спротивно најавија реактивирање на штрајкот денеска.

Синдикатот и во известувањето реагираше последниот оглас за нови вработувања  во М-НАВ, за кои оцени дека „не одговараат на реалните, итни и суштински потреби на компанијата“. Побара поништување на огласот, а евентуалното пополнување на работните позиции да се изврши  преку прераспоредување на постоечки вработени во М-НАВ преку интерен оглас или со додавање на работни задачи на недоволно ангажирани  вработени како и одделенски  реорганизации и рационално прераспоредување на постојниот кадар.

Раководството на АД во државна сопственост за услуги во воздухопловна навигација М-НАВ, пак, пред три дена преку соопштение објави дека презема чекори за доекипирање со кадри, имплементација на нови технологии, замена на старата опрема и реорганизација.

Според М-НАВ, со планираните огласи за вработување, ќе се вработат лица, како замена на колеги кои се веќе заминати во пензија или ќе го остварат своето пензионерско право во текот на наредните неколу месеци, генерациски смени и други причини.

Како што посочија, се прават огромни напори да се стабилизира компанијата која со години била предмет на несериозно и неодговорно раководење.

– Се преземаат чекори за доекипирање со кадри, имплементација на нови технологии, замена на старата опрема и реорганизација. Управниот одбор на М-НАВ АД Скопје, во координација со Владата на Република Северна Македонија, во  текот на 2025 година доби согласност од Министерството за финансии за вработување на високо стручен кадар специјализиран за потреби на давање воздухопловно навигациски услуги.  Ќе се вработуваат високо образовани и стручни кадри  од следните профили: четири метеоролози–прогностичари, еден метео набљудувач и еден инженер за сајбер безбедност. Дополнително заради зголемен обем на работа во Секторот за воздухопловна навигација и планирани генерациски смени во одделението за Обласна контрола на летање, М-НАВ ад Скопје ќе вработи и школува шест контролори на летање во некој од Европските центри за школување на ваков кадар кој ќе биде избран на тендер, информираше -М-НАВ.

Според раководството,  има резултати од реорганизацијата и промената во пристапот на менаџирање со кадрите, а во првата половина од годината остварени се позитивни резултати со зголемување на бројот на прелети над македонското небо за над 12 проценти. За шест месеци се реализирани 133 474 летови за разлика од истиот период лани кога се реализирале 119 972 летови вклучувајќи ги и летовите до и од Скопје и Охрид. 

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ