• Latest

Сеизмолошките станици низ државава пред затворање, Опсерваторијата нема опрема и кадар

July 26, 2025

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Сеизмолошките станици низ државава пред затворање, Опсерваторијата нема опрема и кадар

July 26, 2025 10:19
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со завршување на тригодишната меѓународна иницијатива за следење на движењето на Јадранската микроплоча – AdriaArray, на почетокот на 2026-та државава ќе остане без мрежата од 13 сеизмолошки станици со кои се следи сеизмичката активност односно просторно-временската застапеност на земјотресите.

Во рамки на тој проект на организацијата ORFEUS (Observatories and Research Facilities for European Seismology), чија мисија е да ја промовира сеизмологијата во Европско-медитеранската област, од 2023 се инсталирани 13 привремени сеизмолошки станици преку кои континуирано се следи сеизмичката активност на територијата на државава и во пограничните региони, како и сеизмичноста на целата планета.

Тие 13 станици во моментов ја сочинуваат телеметриската мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, а сеизмички мониторинг има и на езерото Козјак – на браните Козјак и Св. Петка и на локација во село Белица на долниот дел од езерото и браната Кнежево.

ORFEUS во март ќе ја напушти Македонија за да го продолжи проектот во други земји, со што Опсерваторијата се соочува со ризик од затворање на сите 13 станици затоа што ќе останат со застарени и, практично, нефункционални инструменти.

Раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, проф. д-р Катерина Дрогрешка, за МИА изјави дека таквата состојба ќе доведе до загрозување на сеизмолошката служба на Опсерваторијата, односно законски пропишаното следење на сеизмолошка активност.

На Опсерваторијата ѝ требаат нови лиценцирани софтвери, нова компјутерска опрема и сеизмометри, т.е. минимум десет сеизмолошки станици  за следење на подземните активности во реално време.

Да се нарача и инсталира една комплетна сеизмолошка станица чини околу 30.000 евра односно 300.000 за десет станици.

На веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (Euro-Mediterranean Seismological Centre – EMSC) може да прочитаме податок за случен земјотрес, но таа укажува дека Сеизмолошката опсерваторија е единствена институција кај нас задолжена и овластена да ја одржува сеизмолошката мрежа, постојано да ја набљудува и научно анализира целокупната сеизмичка активност на територијата на државава и пограничните подрачја и само таа е релевантна институција која ги одредува основните параметри на жариштето на земјотресот, магнитудата и интензитетот, и ја известува јавноста за почувствуван земјотрес во државава.

Покрај проблеми со опремата, Опсерваторијата веќе две децении се соочува и со недостиг од стручен кадар. Во моментов работат тројца сеизмолози и тројца млади истражувачи – двајца физичари и еден географ кои учат и веќе работат да бидат сеизмолози. Повозрасните се сеќаваат на времиња кога Опсерваторијата имала двојно па и тројно повеќе вработени.

Тоа се должи на слабиот интерес за студирање. Многу помалку студенти се запишуваат на Институтот за физика, на насоката геофизика и метеорологија, во однос на другите  институти на Природно-математичкиот факултет и покрај тоа што се стипендираат како дефицитарни студии.

Но, причината за опаѓањето на бројот на вработени низ годините е и немањето согласности/финансии за вработувања на младите кои завршуваат на оваа или на некоја од сродните насоки, како физика и географија.

По пратените дописи и средбите што ги имале со претставници од надлежните институции, очекува дека ќе им се излезе во пресрет, пред сè, во набавката на опремата што во моментов е проблем кој бара итна реакција поради извесното затворање на сеизмолошките станици.

Во време на технологија со која се праќаат снимки од далечни планети, сè уште не може да се предвиди датумот ниту локацијата на настанување на оваа природна појава на Земјата.

Во контекст на 62 години од скопскиот земјотрес и ризиците од силни потреси, таа кажува дека Скопската Котлина лежи на мрежа од раседи со различна големина и не секој расед може да произведе земјотрес со магнитуда поголема од 5.0.

Сите  земјотреси во Скопското епицентрално подрачје се резултат на тектонска интеракција во длабочините на земјата меѓу два блока – Скопска Црна Гора и Водно. Напрегањата меѓу двата блока во земјината внатрешност се акумулираат сè до моментот на ненадејно релативно придвижување на блоковите чија последична појава е земјотресот.

Опсерваторијата организира едукативни предавања и работилници за ученици од основното и средното образование, но и за заинтересирани возрасни, како да се заштитат од земјотресите за да  се минимизираат негативните последици.

Најсилниот регистриран земјотрес на копнениот дел на Балканскиот Полуостров бил во пограничното епицентрално подрачје Пехчево – Кресна во 1904, со јачина од 7.8 Рихтерови степени и интензитет (почувствуваност) од 10 степени. Во светот за најсилен земјотрес се смета во Чиле во 1960 година, со магнитуда 9.5 или 9.6 Рихтерови степени.

Извор: МИА

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ