• Latest
фото: Цивил

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците 6 месеци живеат без плата

July 29, 2025

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците 6 месеци живеат без плата

July 29, 2025 15:03
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
фото: Цивил

фото: Цивил

Share on FacebookShare on Twitter
Ви пишуваме како луѓе кои 6 месеци живеат без плата, без статус и без иднина – поради државен срам кој никој не сака да го реши. Министерството за правда, под водство на Игор Филков, ни должи 3 плати за април, мај и јуни, а платата за јули е целосно непокриена, бидејќи Министерството сè уште одбива да нè преземе – и покрај тоа што Собранието на 24 јуни усвои закон што ги обврзува да го сторат тоа во рок од 30 дена. Рокот истече. Реакција – НУЛА. Одговор – НУЛА. Интерес – уште помалку, велат Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците.

„Седум месеци молк. Седум месеци понижување. Седум месеци без основно човечко достоинство.
Додека ние живееме на кредит, купуваме леб на вересија и стравуваме за децата – Министерот се крие зад бирократија и ги штити личните интереси на директорот Арсим Идризи, кој ја користи институцијата за јавни набавки на сокчиња, за фотографирања и за вработувања на партиски послушници, додека ние остануваме на улица“, велат од таму.
Владата на чело со премиерот Христијан Мицкоски е целосно информирана за состојбата – и ако не реагира во оваа недела, ја презема целосната одговорност за уништување на судбините на цели семејства пред очите на јавноста.
„Ќе ве прашаме јавно: Што ќе му кажете на народот кога ќе види дека оставате државни службеници без плата пред избори? Како ќе се погледнете во очи со гласачите кога ќе се појават факти за оваа голгота? Како ќе објасните дека ги прекршивте сопствените закони?
Почнува предизборен период. А ние ќе бидеме таму. На телевизија. Во портали. На протести. Со гласот што нема да го угасите. Со вистината што нема да ја закопате. Со решеност каква што досега не сте виделе.
Ова не е молба. Ова е аларм. Пишувајте. Објавувајте. Нека знае цела држава што значи „вреднување“ на институциите во Македонија. Со отворен отпор“, велат Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ