• Latest
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина

За употребата на токсични хемиски супстанци од страна на Русија против вооружени сили на Украина

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на X

Шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев стана вирална – реакција од Белата куќа

October 3, 2025
Фото илустрација, генерирано со Ви

Во Норвешка уапсени тројца Германци по инцидентот со дрон

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

ОН: Безбедните зони на југот од Појасот Газа се фарса и места на смртта

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Во Чешка попладнево започнаа парламентарните избори, учестуваат 26 партии и коалиции и 4.462 кандидати

October 3, 2025

Трамп со ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас

October 3, 2025

УНИЦЕФ: Локалните лидери мора да ја стават иднината на децата на прво место

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Ричард Гир за Доналд Трамп: Имаме претседател кој не е само луд, туку е и темно присуство, за 6 месеци речиси ја уништи нашата земја

October 3, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Орскнефтеоргсинтез во руската област Оренбург на 3 октомври 2025 година. Фото: SBU

Украински дронови ја погодија една од најголемите руски рафинерии во јужен Урал, потврдува извор од СБУ

October 3, 2025

24 ЧАСА: Крвава кампања во Виница – кандидат за советник во кома, ДИК го утврди гласачкото ливче, Вестминстерска алијанса за Украина: Дебата во Рим за идентификување конкретни предлози за улогата на „Коалицијата на волните“

October 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА

За употребата на токсични хемиски супстанци од страна на Русија против вооружени сили на Украина

October 3, 2025 17:06
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина

Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Како и минатата година, така и оваа, продолжувајќи ја вооружената агресија против Украина и, пред сè, продолжувајќи го прекршувањето на Конвенцијата за забрана на развој, производство, складирање, употреба на хемиско оружје и за негово уништување, Руската Федерација цинично ја промовира својата кандидатура за Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО) за периодот 2026 – 2028 година.

На трите испразнети позиции од Источноевропската група веќе ги поднесоа своите кандидатури – Украина, Република Ерменија, Република Словенија, Словачката Република и … државата-агресор РФ.

Минатата година РФ, исто така, имаше намера да биде избрана во составот на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје за периодот 2025 – 2027 година, но Република Северна Македонија и Чешка со право го зазедоа своето место во Извршниот совет, добивајќи најголем број гласови од државите-учеснички; и појаснување за Северна Македонија – државата по вторпат последователно беше избрана во Извршниот совет на ОЗХО, имајќи го предвид искуството во обезбедување на безбедноста и високата професионалност на претставниците на оваа држава.

Украина повторно се обрати до Техничкиот секретаријат на ОЗХО, во рамките на пружањето на помош согласно членот X од Конвенцијата за хемиско оружје, до кој поднесе соодветни примероци, документација и докази собрани по инцидентот со токсични хемикалии, кој се случи на 28 февруари 2025 година во близина на селото Марјивка, Никополски реон, Днипропетровска област.

Примероците, добиени од тимот за техничка помош на ОЗХО од украинската страна, беа земени од местото во близина на набљудувачки пункт на Граничната служба на Украина во близина на селото Марјивка во Никополскиот реон. Меѓу нив – две руски гасни гранати РГ-Во; запалка К-510 и беспилотно летало како средство за достава на овие средства. Со тоа, денес во располагање на ОЗХО веќе се наоѓаат седум такви руски гранати, што сведочи за системски карактер на користење на овие средства од страна на РФ.

Резултатите од анализите на примероците од две определени лаборатории на ОЗХО, извршени одделно и независно една од друга, сведочат дека руските гранати, собрани од пријавеното место, содржеле супстанција за борба против масовни нереди CS и/или нејзини прекурсори и продукти на распаѓање, што е констатирано и во извештајот на ОЗХО од 20 јуни 2025 година (REPORT OF THE TECHNICAL ASSISTANCE VISIT ON THE ACTIVITIES CARRIED OUT IN SUPPORT OF A REQUEST BY UKRAINE (TECHNICAL ASSISTANCE VISIT TAV/02/25 AND TAV/03/25).

Опасната хемиска супстанција CS – (хлоробензалмалонитрил) припаѓа на групата иританти, односно борбени отровни супстанции со надразнувачко дејство, забранета со Конвенцијата за хемиско оружје.

Украина редовно го информира Техничкиот секретаријат на ОЗХО и државите-учеснички во Конвенцијата за хемиско оружје за системското користење од страна на РФ на опасни хемиски супстанции против Силите за безбедност и одбрана на Украина. Така, во периодот од февруари 2023 година до јуни 2025 година беа регистрирани 10.640 случаи на користење од страна на руските окупациски сили на муниција со опасни хемиски супстанции, вклучувајќи хемиски средства за борба против нереди како метод на водење војна.

Исто така, Службата за безбедност на Украина продолжува да документира масовна употреба на забрането хемиско оружје од страна на руските окупациски сили против Силите за одбрана на Украина. Се работи, меѓу другото, за аеросолни гранати „К-51“, „РГР“ и „РГ-Во“, наполнети со отровни супстанции со надразнувачко дејство – CS (хлоробензалмалонитрил) и CN (хлорацетофенон). Исто така, не се ретки случаите на употреба од страна на окупаторите на ампули со отровна супстанција – хлорпикрин. Употребата на такви средства за водење војна, како што веќе беше наведено, е забранета со Конвенцијата за забрана на развој, производство, употреба на хемиско оружје и за негово уништување.

Според материјалите на истрагата, најголемиот број хемиски боеприпаси русите ги користат во форма на исфрлање од FPV-дронови врз одбранбените позиции на украинските бранители. По погодокот во целта, отровните соединенија на хемискиот полнеж ги погодуваат слузниците на војниците, пред сè нивните очи и органи за дишење. На овој начин, непријателот се обидува да ги принуди војниците од Силите за одбрана да излезат од рововите и засолништата под прецизен оган на окупаторите. Значи, употребата од страна на РФ на бојното поле на забрането хемиско оружје им дава значителни можности на руските агресори да ги потиснуваат украинските војници од нивната сопствена територија.

Најмногу факти за употреба на такво оружје од агресорот се регистрирани на источниот фронт, како и за време на непријателските удари врз Никополскиот реон на Днипропетровската област.

Познато е дека, земајќи ги предвид извештаите објавени од ОЗХО во ноември 2024 и февруари 2025 година, кои потврдуваат присуство на супстанции за борба против масовни нереди, како што е хемиската супстанција CS (хлоробензалмалонитрил), кои беа користени од руските војски во Украина како метод на водење војна, што претставува прекршување на Конвенцијата за забрана на хемиско оружје, држава-учесничка на која е РФ, во мај 2025 година Советот на ЕУ воведе дополнителни рестриктивни мерки против три руски организации, вмешани во развојот и употребата на хемиско оружје (Chemical weapons: EU sanctions three entities in the Russian Armed Forces over use of chemical weapons in Ukraine).

Во списокот влегоа Војската за радиолошка, хемиска и биолошка заштита, 27-от научен центар и 33-от Централен научно-истражувачки и испитувачки институт на Министерството за одбрана на Руската Федерација, сите од кои припаѓаат на составот на Вооружените сили на РФ.

Државата-агресор РФ, брутално и систематски прекршувајќи ја Конвенцијата за забрана на хемиско оружје, користејќи отровни хемиски супстанции против украинските Сили за одбрана, мора да биде изведена пред одговорност и казнета, а не избрана во составот на раководното тело на Организацијата за забрана на хемиско оружје.

Затоа, според моето мислење, на државите-учеснички во Конвенцијата за забрана на хемиско оружје, кои следниот месец во рамките на 30-та сесија на Конференцијата на државите-учеснички во Конвенцијата ќе избираат нови членови во составот на Извршниот совет на ОЗХО, треба да не и  се дозволи на државата-агресор РФ да биде избрана во оваа угледна и авторитетна организација, избегнувајќи на тој начин дискредитација на ОЗХО.

М. Д.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ