Во село Црешево, општина Гази Баба, во ист објект во посебни влезови се наоѓаат гласачкото избирачко место 2549, и штабот на една политичка партија. Гласачите пред да влезат на гласање, партиските активисти гласно ги повикуваат прво да влезат во партискиот штаб, а потоа да си го остварат правото на глас.
Пред избирачкото место и штабот, покрај партиските активисти има и полиција која не реагира и ништо не презема.