• Latest

Тунџев: Катастарските предмети се решаваат во просек за три до седум дена

May 24, 2018

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тунџев: Катастарските предмети се решаваат во просек за три до седум дена

May 24, 2018 08:38
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Грешките во документите што ги издава Катастарот се технички, направени при преземање податоци од стариот систем и се исправаат без надомест, но мора да се поднесе барање, вели во интервју за МИА Борис Тунџев, директор на Агенцијата за катастар на недвижности.

Тунџев, кој веќе десет месеци раководи со Катастарот, тврди дека нема редици за чекање пред шалтерите на Катастарот и оти значително е намален бројот на нерешени предмети. Во Скопскиот катастар наследил 4.700 нерешени предмети, а сега таа бројка е сведена на 700.

– Ефикасноста  во решавањето на предметите е значително зголемена со низа мерки кои ги направивме. Претходно, за повторно поднесување барање моравте да плаќате ист износ како кога се плаќаше по првично поднесениот. Сега тоа е укинато. Десет пати да ве одбијат плаќате само еднаш за услугата која ја барате од Катастарот, вели Тунџев.

Според него, катастарските предмети во просек се решаваат за три до седум дена, има случаи и за еден ден. Нема предмет за кој се чека повеќе од седум до десет дена, а над месец сега се чека само за 33 предмети, кои се предадени на други институции како што се Основното јавно обвинителство, Финансиската полиција, Управен суд каде што се водат одредени судски постапкки…

Во иднина од Катастарот ќе може да се очекува повторна продукција на картографски производи, дејност која, според Тунџев,  во минатото била запоставена, сега е монополизирана и сведена на многу ниски гранки.

– Агенцијата за катастар на недвижности има издадено само едно решение на приватна компанија што се занимава со производство на картографски производи. Интенцијата е во иднина Агенцијата за катастар на недвижности да почне, со оглед дека картографијата во минатото била една од нејзините клучни сегменти и дејности, да публикува картографски производи за Република Македонија, вклучувајќи ги тука тематските, патните карти и секаде каде ќе може да се направи картографски производ. Катастарот располага со сите геопросторни податоци за целата држава и штета е да не се искористат, наведува Тунџев.

Тој во интервјуто ги претставува и активностите на Агенцијата за катастар на недвижности за воспоставување адресен регистар што е од исклучително значење, пред се, за реализирање на пописот што е најавен за 2020 година, но и за успешна реализација на сите избирачки циклуси коишто се спроведуваат во државата.

– Во тој адресен регистар ќе немате двојни адреси, немате куќи со ист број, немате  додадено два ката на одредени згради, ќе немате додадено куќи каде што завршува улицата па вештачки ги додавате во избирачкиот список, укажува Тунџев, посочувајќи и дека ќе станат минато и ситуациите со кои се соочувале граѓани кога за една недвижност добиваат три решенија за данок.

Агенцијата за катастар на недвижности работи и на проект за национален катастар за подрачја потенцијално загрозени со природни непогоди, за кој соработува со норвешката Влада од каде ќе добијат  донација од 750 илјади евра.

Како што дополнува, податоците во однос на плавни подрачја и подрачја што во изминатиот период биле изложени на поголем ризик како пожари, свлечишта, ќе може да бидат достапни и да се користат, односно ќе има 3Д приказ како во реално време се случуваат. Посебно ќе биде актуелно за потребите за просторно урбанистичко планирање каде ќе биде прикажан 3Д моделот на теренот и во реално време ќе има просторна локација за секоја дефинирана точка во исто време по висина. Се ќе биде претставено во 3Д  односно финалниот продукт ќе биде 3Д на теренот.

(МИА)

Tags: грешкиефикасносткартографски документиКатастарТунџев
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ