• Latest
sdr

Грантови од пет милиони евра за развој на туризмот во Западен Балкан

June 28, 2018
Фото: Б. Тахири

Дерала: Медиумите се слуги на партиските и олигархиските центри на моќ

October 9, 2025
Фото: Б. Тахири

Спасов: Измените на Изборниот законик се направени со Пржинскиот договор – тие норми се направени за тогаш, а не да траат до денес

October 9, 2025

Небиу: Изборите не се фер, пристапот кон парите, ресурсите, гласачите не е ист за сите

October 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американците не ја сакаат Трамповата федерална репресија со Националната гарда, тој сепак притиска напред

October 9, 2025
Вујкото на заложникот што го држи Хамас зборува за Си-Ен-Ен поради надежите за прекин на огнот. Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел проценува дека Хамас нема да може да ги врати останките на сите преостанати починати заложници

October 9, 2025

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност: Предизвици и решенија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Селими: Добро е за демократијата тоа што се уште „не умре“ граѓанскиот сектор

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Хоџиќ: Пукнаа полулистичките балони кога актуалната власт почна да ја користи придавката Северна, кога не го укинаа договорот со Бугарија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Незири: Има слобода на гласање, но има екстремна партизација – разликата од минатото е што порано имавме една партија, сега имаме повеќе партии

October 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грантови од пет милиони евра за развој на туризмот во Западен Балкан

June 28, 2018 13:58
in ВЕСТИ, РЕГИОН
sdr

sdr

Share on FacebookShare on Twitter

Европската унија ќе додели околу 30 грантови во висина од по 50.000 евра за проекти за развој на туризмот во шесте економии од Западен Балкан, беше наведено на денешната конференција за промовирање на проектот за „Развој на туризмот во земјите од регионот“ во Сараево.

Како што јави известувачот на МИА од Сараево, проектот ке биде имплементиран во сет од линеарни активности кои повеќе или помалку ќе се повторуваат во тригодишен циклус. Активностите на проектот ќе бидат водени на база на анализи на политиките за развој на туризмот, како и пречките околу нив, со што ќе се придонесе за развој на регионалниот туризам, вклучувајќи слободен проток на туристи, како и културни и авантуристички тури и понуди.

Во текот на проектот ќе бидат распишани три понуди, каде ќе можат да аплицираа со проекти сите заинтересирани.

Андреа Вера, шефот на секцијата на операцијата за економски развој, природни ресурси и инфраструктура при ЕУ, истакна дека таквите проекти и се значајни на Унијата бидејќи претставуваат еден од начините за да им се помогне на земјите од Западен Балкан за пристапување кон ЕУ.

– Проектот добро се надоврзува на документот што се нарекува комуникација на ЕУ за стратегијата за пристапување односно на два сегменти од тој документ кои се однесуваат на економско-социјалниот развој и помирувањето и добро соседските односи, нагласи Вера.

Тој посочи дека конкретно проектот ќе помогне за да се препознаат така наречените културолошки дестинации, да се препознаат местата во секоја земја одделно кои можат да се искористат за туризам, да се промовираат дестинациите и преку тоа да се зголеми бројот на посетителите, со што ќе се зголеми обемот на работа, а тоа ќе помогне за развојот на економијата во Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово.

– Во регионот дури 24 отсто од извозот е всушност преку услугите кои ги извезуваме преку туризмот. Проценето е дека во овој момент пет отсто од вработените, работат во турустичката индустрија, како и дека пет отсто од бруто домашниот производ во регионот е од туризмот, информираше Горан Свилановиќ, генералниот секретар на Советот за регионална соработка.

Свилановиќ потенцираше дека главна цел на проектот е да се обединат сите кои се занимаваат туризам, како и владините претставници од шесте земји од Западен Балкан и да договорат заеднички регионални туристички понуди, како и регионални туристички рути кои се базираат на нивното културно и историско наследство.

– Советот, благодарение на финансиската поддршка од ЕУ, ќе може да додели грантови со кои ќе се инвестира за развојот на туристичките рути, посочи тој.

Алализата за за определувањето на рутите и доделувањето на грантовите ќе биде спроведена низ истражување на теренот, вклучувајќи ја позицијата на владините институции, како и преку состаноци со претставниците на приватниот и цивилниот сектор и културните институции.

Иницијалната анализа ќе формира одлука околу тоа кои културни и авантуристички рути ќе бидат развиени и промовирани преку прокетот. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ