• Latest

Отворена Летната школа по мајчин јазик на Аенцијата за иселеништво

July 27, 2018
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Отворена Летната школа по мајчин јазик на Аенцијата за иселеништво

July 27, 2018 11:15
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Десеттата Летна школа за изучување мајчин јазик, проект на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, отворена е вчера во просториите на Конгресниот центар во Охрид.

Како што соопштија од Кабинетот на министерот за дијаспора денеска, на оваа школа учествуваат 45 деца на иселеници од Македонија, кои доаѓаат од повеќе земји од регионот и Европа. Покрај изучување на јазикот на нивните родители, преку најразлични забавни и едукативни активности, децата на иселениците ќе имаат можност да се запознаат и да ги научат историја, традиција, култура и јазик на Република Македонија.

Директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов, посочи дека овој проект на Агенцијата е од клучно значење за промоцијата на земјата во делот на историја, традиција, култура и јазик, воедно и во намалувањето на се поголемиот број на најмладата популација на иселеници кои не го познаваат јазикот на родителите, а со тоа и поттикнување на чувството за припадност кон државата на потеклото, Република Македонија. Тој најавил дека и во иднина ќе продолжат со давање поддршка кон сите иселеници и иселенички организации без разлика на етничката, половата и религиозната припадност, кои се залагаат за промоција на македонската историја, традиција, култура и јазик, посочи директорот во своето обраќање.

– Агенцијата за иселеништво на Република Македонија во своето работење, при остварувањето на своите работни задачи и реализација на веќе постоечките проекти, соработува со Кабинетот на министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми. Заедничкото работење на двете институции овозможува подобро и поуспешно имплементирање на политиките коишто имаат за цел реализација на потребите, целите и интересите на иселениците од земјата, истакна Шалвариновски.

На отворањето на јубилејната 10. Летна школа се обрати и министерот задолжен за дијаспора Адеми, кој нагласи дека оваа веќе традиционална манифестација претставува многу битна институционална државна активност во однос на поврзувањето меѓу државата и најмладите генерации иселеници по потекло од Македонија. Најави дека школата во наредните години ќе продолжи и со други културни и образовни содржини, со цел да ја зајакне свеста кај помладите генерации на нашите иселеници во светот за нивното потекло во сите области од витален интерес и тоа, пред се, за нивниот национален и културен идентитет од земјата на нивното потекло.

– Не, не се плашиме да кажеме дека мајчин јазик е македонскиот јазик, дека мајчин јазик е албанскиот јазик,…или кој било друг јазик, бидејќи мајчин јазик е мајчин јазик, на кој било и да е јазик, посочи министерот задолжен за дијаспора Адем, стои во соопштението.

Основната мисија на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија е поттикнување, помагање и одржување на националниот идентитет кај иселениците, преку негување на мајчиниот јазик, културата и традиционалните вредности на иселениците во средините каде што живеат. (МИА)

Tags: Аенцијата за иселеништвомајчин јазикОтворена Летната школа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ