• Latest

Јадранот се полни со отпад

July 29, 2018
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јадранот се полни со отпад

July 29, 2018 10:31
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Првото истражување на отпадот на подрачјето на Јадранот потврди дека човекот со својата негрижа и незнаење го затрупува морето и неговото крајбрежје со големо количество отпад и не размислува дека со конзумирање на риби, по пат на ланецот на исхрана, тој отпад може да се најде на неговата чинија.

Милионите туристи на копно и се повеќето мега крузери, јахти и други пловни објекти се закана за животот во Јадранското Море, бидејќи тие го загадуваат крајбрежјето и морското дно.

Затоа, Владо Клезиќ е активен во акциите за чистење на друштвото „Порат Будва Пизана“.

–  Во чистењето на морето од отпад најчесто наидуваме на шишиња, кеси, пластичен отпад, ПВЦ и лименки. Тоа често несовесните туристи го фрлаат во морето, но, секако, има и такви локални жители, кои не знаат колку навистина тоа штети, бидејќи сето ѓубре што се фрла во море, се враќа назад на плажа со првото југо, вели Клезиќ.

Дека крајбрежјето на Јадранот е загрозено од отпад, потврдуваат и истражувањата дека на подрачјето на Јадранското и Јонското Море, најизложени на отпад се плажите во Хрватска, Словенија и Црна Гора.

– Но, ние не му штетиме само на морето со фрлање на секаков  вид на ѓубре, вели Драган од Будва, кој поголемиот дел од своето лето го помина во својот мал брод. – Овде на брегот се гледа дека влијаат и хемиските средства од  блиските угостителски објекти и разните пловни објекти. На Пизана во Будва некогаш имаше школки, но ги уништи хемијата, додава тој.

Со прекуграничниот проект „Дефишгер“, научници од земјите кои излегуваат на Јадранското и Јонското Море – Словенија, Италија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Грција, спроведоа едногодишно истражување кое ги даде првите проценки за количеството отпад на плажите и во морето. Резултатите се катастрофални: морското дно на Јадранското и Јонското море е два до петпати позагадено од отпад од некои други светски мориња.

– Пластиката доминира, како и насекаде. Кај нас во заливот Бока Которска постои големо количество цврст отпад, кој ќе биде таму уште долго време благодарение на негрижата на луѓе. Тоа е резултат на небрежноста за складирање и третирање на цврстиот отпад на брегот, вели Весна Мачиќ од Институтот за морска биологија во Котор.

На локациите по должината на јадранското и јонското крајбрежје направена е анализа на присуството на микропластика во рибите. Од испитувани единаесет видови риби, во седум се пронајдени траги од отпад, а слични резултати беа потврдени и со други истражувања.

– Се уште не е на некое алармантно ниво, но ако имате на врвот на ланецот на исхрана ајкула или делфин кои јадат многу од тие мали риби, кои преку исхраната со години во себе собирале отровни материи преку отпад, доаѓа до биомагнификација на тие отровни материи (биомагнификација е процес со кој со текот на времето се зголемува концентрација на хемикалии во ткивото). Се соочуваме со многу проблеми поради лошиот третман на отпадот и јасно е дека мораме нешто да работиме по тоа прашање и тоа многу побрзо отколку досега, вели Мачиќ.

А треба да се работи и на макро и на микро ниво – од едукација и рециклирање, до акции и средување на цврстиот отпад на правилен начин. Но и со казни.

– Без големи казни, не ни доаѓа паметот. Иако за морето е тешко да се утврди кој е загадувач, на копно тоа би можело лесно. Кога би се санкционирале тие кои ја загадуваат животната средина, тоа би дало ефекти, додава Мачиќ.

Според податоците на американската Национална агенција за океани и атмосфера (НОАА), процесот на разградување на отпадот во море трае и стотици години. Додека за распаѓање на отпушок од цигара во морето се потребни околу пет години, за конзерва околу 200 години, за пластично шише требаат околу 450 години.

Рибарите и нуркачите, како што е Драган, повеќе полагаат надеж во морето и неговата моќ за регенерација, отколку во луѓето.

– На пример, школката паластра во еден период целосно исчезна од оваа област. Сега повторно ја има. Некои морски видови ќе ги нападне некоја болест, па потоа исчезнуваат, но повторно се враќаат. Значи, морето се регенерира. Но, не знаеме до кога, вели Драган. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ