Државната изборна комисија заклучно со денеска до 13 часот, преку веб апликацијата www.dijaspora.sec.mk до Државната изборна комисија доставени се вкупно 990 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.
Од нив, 965 пријави се прифатени, 23 се одбиени, а останатите се во обработка.
Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн – 83, во Лондон – 77, во Торонто – 60, Љубљана – 62, Виена – 57 и Канбера – 42.
Во однос на податоците од јавниот увид во избирачкиот список, заклучно со вчерашниот ден вкупно 2179 граѓани извршиле јавен увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Од нив, најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 337, Струмица – 200, во Радовиш – 140 и во Прилеп – 129.
ЦМ