• Latest

Сослушани четворица сведоци, ново рочиште на 6 септември

August 27, 2018
Скриншот од страницата на окружниот совет Лудвигслуст-Пархим

Германската крајно десничарска партија AфД во Лудвигслуст има руска е-мајл адреса

November 18, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сослушани четворица сведоци, ново рочиште на 6 септември

August 27, 2018 16:21
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во попладневниот дел од судењето за предметот на СЈО „Титаник 2“  што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, сведочеа поранешниот член на ДИК, Субхи Јакупи и претседателот на ОИК од Струмица, Васил Крстев.

Јакупи, кој во тоа време бил потпретседател на Државната изборна комисија одговарајќи на прашања на обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, рече дека гласал против приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за гласачкото место 1727 во општина Струмица на локалните избори во 2013 година.

– Во записникот од седницата на ДИК за тој приговор стои дека било гласано 4:3, рече Јакупи.

Обвинетиот Бедредин Ибраими за време на рочиштето рече дека се врши тортура врз нив, а судијата Огнен Ставрев го праша кој врши тортура, дали мисли на Судот.

– Судот ништо не ви прави, додаде судијата Ставрев.

Ибраими посочи дека се врши тортура врз сите нив, велејќи дека член на Државна изборна комисија може да има само политичка одговорност пред Собранието што го бира, а не кривична.

На денешното рочиште сведочеа и поранешните членови на ДИК Виолета Дума и Борис Кондарко.

На прашања од обвинителката Фетаи дали видела дека некој телефонски му се јави на Бедредин Ибраими за време на седницата на ДИК на која се одлучувало по приговор, Дума одговори дека му заѕвонил телефонот на Бедредин и оти тој рекол дека шефот го бара.

Дума додаде дека не го разбрала, бидејќи зборувал на албански јазик.

По разговорот со Бедредин се вратил во салата, по што се гласало за приговор од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Дума, пред разговорот Бедредин сметал дека приговорот е неоснован, односно дека нема повреда, но потоа гласал „за“, како и членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ. Гласањето за приговорот на ВМРО-ДПМНЕ било 4:3. „Против“ гласале Виолета Дума, Борис Кондарко и Супхи Јакупи.

Вториот сведок на СЈО, Борис Кондарко во врска со приговорите за гласачкото место 1727 во општина Струмица рече дека не може да се сети на детали затоа што имало многу приговори за повреда на постапката при гласање.

– За општина Струмица не можам да се сетам сега дали имаше четири или шест приговори, рече Кондарко.

На прашање од обвинителката Фетаи дали се сеќава како гласа, Кондарко одговори дека гласал „против“ усвојување на сите приговори за Струмица, затоа што сметал дека се неосновани и нема докази.

По завршувањето на испрашувањето на четворицата сведоци на СЈО, судијата Сраврев закажа нови рочиште за  „Титаник 2“ за 6 септември и за 1 октомври.

Во предметот обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ