• Latest

ОБСЕ/ОДИХР ќе го набљудува референдумот, 71 пратеник во кампањата „За“

August 28, 2018
Скриншот од страницата на окружниот совет Лудвигслуст-Пархим

Германската крајно десничарска партија AфД во Лудвигслуст има руска е-мајл адреса

November 18, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ОБСЕ/ОДИХР ќе го набљудува референдумот, 71 пратеник во кампањата „За“

August 28, 2018 10:03
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР од вчера и официјално почнаа со набљудување на референдумот, што ќе се одржи на 30 септември. Во меѓувреме, Собранието соопшти дека 71 пратеник активно ќе учествува во кампања „За“ на референдумот, пратеникот Антонијо Милошоски е дециден дека ќе бојкотира, додека ВМРО-ДПМНЕ се уште тактизира и својот конечен одговор го најави за среда. 

Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Јан Петерсен на прес-конференција рече дека мисијата има јасен мандат, непристрасно ќе го набљудува референдумот и оти нема да се вмешува во референдумскиот процес.

– Нас не не интересираат резултатите од референдумот, туку интегритетот на самиот процес, рече Петерсен.

Мисијата ќе се состои од 270 набљудувачи – клучен тим од 13 експерти со седиште во Скопје и 20 долгорочни набљудувачи кои ќе бидат распоредени низ земјата во мултинационални тимови од по двајца од 5 септември. Додаде дека покрај ова, ОДИХР ќе побара од членки на ОБСЕ да обезбедат 250 краткорочни набљудувачи кои ќе пристигнат неколку дена пред референдумот.

Клучниот тим набљудувачи ќе има претставници од САД, Норвешка, Русија, Романија, Франција, Словачка, Бугарија…

– Мисијата ќе објави преоден извештај во текот на својата работа. На денот по референдумот на прес-конференција ќе биде објавена изјава за прелиминарни наоди и заклучоци. ОДИХР ќе издаде конечен извештај за набљудувањето приближно два месеци по завршување на референдумот, рече Петерсен.

Собранието во меѓувреме соопшти дека пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ДПА, Алијансата на Албанците, Беса, како и двајца независни пратеници или 71 пратеник се изјаснија дека се „За“ на референдумското прашање и го информирале претседателот на Собранието Талат Џафери дека нивните пратеници ќе земат активно учество во јавната кампања за референдумот за името, што ќе се одржи на 30 септември.

– Пратеникот Антонијо Милошоски, како поединец пратеник испратил допис дека ќе учествува во кампањата со бојкотирачки став, бидејќи е против референдумското прашање. ВМРО-ДПМНЕ уште нема доставено известување, а според најавите од координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе го сторат в среда, соопшти Собранието.

На вчерашната координација со која раководеше Талат Џафери, присуствуваа потпретседателите и координаторите на сите пратенички групи освен на ВМРО-ДПМНЕ.

– Уште еднаш беше потенцирано дека пратениците нема да добиваат пари, туку Собранието ќе закупи медиумски простор и истиот, според изјаснувањето, ќе биде пропорционално поделен, појасни Собранието.

Собранието формираше Координативно тело за подготовка и спроведување на јавната кампања кое ќе го раководи Џафери.

Паралелно со засилување на референдумската кампања, група американски Конгресмени се во посета на македонското Собрание.

Темите за кои се интересирале американските конгресмени вчера на средбата со собранискиот спикер Талат Џафери, со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, биле собраниските активности во пресрет на јавната пропаганда за референдумот, надлежностите на Собранието во извршувањето на уставно пропишаната надзорна функција и законската регулатива во безбедносниот сектор, со што ќе се обезбеди квалитетен и демократски парламентарен надзор.

Тие разговарале и за реформските процеси за забрзана интеграција на државата во НАТО и ЕУ.

Во делегацијата од САД се американските конгресмени Бил Флорес, Дејвид Прајс, Дина Титус, Гери Коноли и Сузан Дејвис.

Конгресмените, како што соопшти Собранието, го истакнале задоволството од несомнениот напредок на државата на планот на евроатлантските интеграции и зацврстување на демократијата, особено по потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција, при што ја потврдиле безрезервната поддршка од САД во овие процеси. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ