• Latest

Почнува правната разврска за „27 април“, обвинетите не чувствуваат вина

August 28, 2018
Скриншот од страницата на окружниот совет Лудвигслуст-Пархим

Германската крајно десничарска партија AфД во Лудвигслуст има руска е-мајл адреса

November 18, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Почнува правната разврска за „27 април“, обвинетите не чувствуваат вина

August 28, 2018 10:04
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година, како еден од најголемите кривично правни настани за македонското судство, но воедно и како еден од најголемите политичко-правни предизвици што треба да покажат дали Македонија се реформира во правна држава, од минатата недела полека почна да навлегува во својата правна разврска.

Веќе четири дена во Кривичниот суд во Скопје се слушаат изјави на обвинителството, обвинетите и нивните застапници. Сите обвинети, од кои 31 се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок  и двајца за помагање, досега се изјаснија дека не чувствуваат вина.

Прашани директно и поединечно од судијката Добрила Кацарска. дали чувствуваат вина, сите, до еден, одговорија дека немаат никаква вина. Воведни зборови претходно дадоа и адвокатите на обвинетите кои рекоа дека ваквото обвинение треба веднаш да се повлече и констатираа дека нема докази за обвинителниот акт. Бранителите тврдат дека обвенетите не сториле никакво кривично дело, а најмалку тероризам, уривање на уставниот поредок или акт на насилство. Тие посочија и дека „судот не нашол за сходно да повика рочиште за проценка на обвинителниот акт“. Адвокатите на пратениците рекоа дека тие се товарат за тероризам врз основа на искажани зборови.

Судскиот процес почна со воведен говор на обвинителката Вилма Рускоска, која истакна дека ОЈО обезбедило докази со кои ќе ги потврди наводите за стореното кривично дело. Според неа, нападите во Собранието ќе останат длабоко врежани во историјата на Македонија.

-Напаѓачите, кои се на обвинителна клупа, преку доказите ќе се види дека биле предводени од Александар Василевски-Нинџа и Никола Митровски-Кољо. Полицајците, пак, се поставиле на нивна страна. Пратениците кои ги отворија вратите, биле свесни дека напаѓачите ќе направат хаос, со што ги погазија уставните начела и принципи. Групата „За заедничка Македонија“, пак, имала задача со потпалувачки говори да ја повикаат масата кон Собранието, истакна Рускоска во нејзоното излагање.

Три од четирите рочишта, кои Кацарска ги води под целосна контрола, траеа по шест-седум часа, освен вчерашното кое, изненадувачки за присутните во судската сала, беше прекинато по само еден час од расправата и презакажано за 31 август.

На продолжението, в петок, предвидено е да се сослушаат сведоците Дамјан Манчевски, Фросина Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски, предложени од обвинителството

На обвинителната клупа се пратеници, поранешни функционери, јавни личности, полицајци, уметници……

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски. (МИА)
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ