• Latest

Психо-социјална помош и поддршка за децата заболени од рак

August 30, 2018

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Психо-социјална помош и поддршка за децата заболени од рак

August 30, 2018 12:19
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Психо-социјална помош и поддршка на децата заболени од малигни болести на Универзитетската клиника за детски болести и нивните родители, помош тие полесно да поминат низ процесот на лекување, но и надминување на стигмата дека ракот е неизлечива болест, ќе им се овозможи во Дневниот центар „Собата на Жозеф”, кој денеска беше отворен денеска на Универзитетската Клиника за детски болести.

Центарот се отвори на иницијатива на Здружението „Борка-за секој нов ден“, а покрај другиот третман децата ќе имаат и пристап до семеен терапевт, кој ќе им понуди стручна помош која е клучен сегмент во лекувањето и евентуалното излекување на ова тешко заболување.

Во Центарот ќе бидат ангажирани учителки, кои ќе им помагаат на децата во учењето, а тоа ќе им даде дополнителна надеж дека ќе оздрават и еден ден ќе се вратат во школските клупи заедно со своите дручарчиња. Децата ќе имаат свое катче, каде волонтерите ќе организираат разни активности и игри со дечињата, со кои ќе им се отргне вниманието од разните испитувања, боцкања, болки и грижи додека престојуваат во болницата.

На отворањето на Центарот присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче, кој изјави дека психо-социјална помош и поддршка е составен дел на секое лекување и дека треба соодветно и системски да се пристапи за тоа да се воведе како нов метод кој ќе се примени посебно кај најмладите пациенти со цел полесно да ги пребродат деновите поминати на Клиниката.

Филипче на Детска клиника– Психо-социјална поддршка во многу современи земји е составен дел од секое лекување. Во Центарот преку игра, преку разговор, преку соодветни часови на децата ќе им биде овозможено полесно да ги поминат деновите во болница и да ги надминат најтешките свои мигови. Истовремено работиме на реновирање на еден простор кој ќе биде соба каде ќе се сместат родителите од внатрешноста, а чии деца се лекуваат на Клиниката, рече Филипче.

Најави дека заедно со Институтот за психологија планираат да воведат психо-социјална поддршка и за другите онколошки пациенти.

Претседателката на Здружението „Борка“, Биба Додева истакна дека станува збор за прв ваков голем проект, кој на почеток ќе трае една година, а изрази надеж дека ќе продолжи и натаму.

– Целта е психолозите заедно со учителките да можат да влезат во системот на институциите. Се надеваме дека од идната година веќе треба да се размислува од страна на Министерството за здравство и од страна на сите институции да се вработат повеќе психолози на оваа Клиника, за да може повеќе да им се помогне не само на децата, туку и на родителите кои со месеци со нив се присутни на Клиниката, истакна Додева.

Катерина СтавриќДиректорот на Клиниката за детски болести, Катерина Ставриќ изјави дека со Министерството за здравство имаат повеќе започнати проекти токму за подобрување на условите на хемато-онколошкиот оддел, во тек се подготовките и за реновирање на Онколошкиот оддел, како и други проекти за изградба на дневна болница со амбуланти со што ќе се подобрат условите на Одделот за третман на децата со малигни заболувања.

Таа истакна дека околу десеттина деца со малигни заболувања во моментот се лекуваат на Клиниката. – Веќе се примени психолози, во тек сме на преземање и се зајакнува тимот. Со тоа ќе се обезбеди психолошка поддршка не само на онколошките пациенти, туку и на другите пациенти со хронични заболувања кои се лекуваат на Клиниката, додаде Ставриќ.

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ рече дека во проектот учествуваат со осум наставници и тоа пет од одделенска и тројца од предметна настава, кои ќе доаѓаат во Центарот за да помагаат децата да не губат од наставниот процес. (МИА)

Share243Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ