• Latest

„Насилство во Центар“ одложено за 17 септември

August 30, 2018

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Насилство во Центар“ одложено за 17 септември

August 30, 2018 12:32
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

По сослушувањето на само еден сведок денеска во кривичнот суд Скопје се прекина најновоот рочиште за предмото на СЈО „Насилство во Центар“, и продолжението е закажано за 17 септември.

На денешното рочиште беше сослушан само сведокот Никола Ѓеорѓиевски советник на Нова Алтернатива во општина Центар.

Обвинети во овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.

Тие се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

По завршувањето на денешното рочиште, адвокатот Боро Тасевски, кој вчера беше парично казнет за неприсуство на судењето на ексминистерката Гордана Јанкуловска во издвоениот предмет „Тенк“, се обиде да ја објасни ситуацијата во која се наоѓаат поголем дел од бранителите на обвинетите во предетите на СЈО.

–Барањето за поголема динамика на предметите што ги води Специјалното јавно обвинителство од страна на специјалната обвинителка Катица Јанева е насочено кон кршење на основните права на обвинетите и на бранителите во постапките што ги води ова Јавно обвинителство, истакна Тасевски, кој денеска, заедно со обвинетиот Груевски, мораа да се појават на две рочишта. Тоа, според него, е невозможна работа.

Денешниот ден е очигледен пример за тоа.

-Никола Груевски мораше да присуствува на рочиштето за предметот т.н. „Општина Центар“, а во исто време беше закажана и јавна седница пред Апелацискиот суд по неговата жалба во предметот „Тенк“. Груевски избра да присуствува на судењето за „Насилство во Центар“, а ние како бранители од страв можеме да бидеме казнети доколку предизвикаме одлагање на вакво рочиште поучени од примерот од претходниот ден кога не беше прифатено одлагање на рочишта поради преклопување на термини и имаше казнување на бранители, истакна Тасевски.

Според него, ова е прекршување на правата на обвинетите и бранителите да формираат сериозна и ефективна одбрана во овие предмети, нагласувајќи дека не може одбраната да се изнесува во трчање, туку дека е потребна подготовка за рочиштата.

Одговарајќи на прашање дали обвинетите намерно ангажираат едни исти адвокати со цел да се одолжуваат и одложуваат рочиштата, Тасевски рече дека нема таква намера и дека досега такво нешто не се случувало, туку тоа се случува сега откако почнува да се преклопуваат предметите.

– Досега ваква ситуација, со преклопување на термини на бранителите,  немаше или, пак, доколку имаше – беа инцидентни, што лесно се решаваа, истакна Тасевски и додаде дека голем број адвокати се ангажирани во овие предмети. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ