• Latest

Заев: Коалицијата „Заедно за европска Македонија“ е отворена за сите партии

August 30, 2018

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Коалицијата „Заедно за европска Македонија“ е отворена за сите партии

August 30, 2018 12:35
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

По синоќешната средба на партиите поддржувачи на Договорот со Грција и успешност на претстојниот референдум, приемирот Зоран Заев очекува поддршката да расне и да се проширува коалицијата „Заедно за европска Македонија“.

– Смислата на оваа коалиција е да се создаде движење за сите кои се за успешен референдум, да ги поканиме граѓаните да гласаат за европска Македонија, за иднината и да дадат поддршка на интегративните процеси на Македонија во НАТО и ЕУ, поддржувајки го Договорот со Грција, изјави денеска премиерот Заев, одговарајќи на новинарски прашања во Владата.

Посочи дека е предвидено кампањата да се води полабаво и да биде привлечна и пријатна за граѓаните. Им се извини на партиите кои вчера не биле поканети и истакна дека е оставена можност за приклучување и на други партии.

– Сите ќе бидат поканети. И други помали политички субјекти да се приклучат. Би сакал и би било убаво ако Македонија целосно биде обединета околу оваа кампања и затоа повикот за приклучување останува отворен целосно, дури и до опозицијата. Ако сме сите за НАТО и ЕУ ќе дадеме придонес за успешност на референдумот и во поглед на гласањето „за“, но и за постигнување на цензусот односно над 900 илјади гласачи кои сакаме да ги мотивираме да излезат на референдумот, нагласи Заев.

Според Заев, создавањето на ова движење значи рационализација на средствата. Осумдесетте милиони денари кои му се дадени на Парламентот како надлежен за отварање на постапката за референдум ќе бидат  распределени согласно вкупниот број на мандати и кој, како се определува „за“ или „против“.

– Тие пари не може да ги користат политичките партии. Тоа ќе бидат кампањи од едукативен карактер кои ќе ги приближат вредностите на НАТО и ЕУ кон граѓаните, но и деталите од Договорот со Грција. Од тој аспект многу мали политички партии не ќе мора да трошат средства затоа што преку самата кампања ќе бидат покриени од централниот штаб, односно од заедничките ресурси на политичките партии, појасни премиерот Заев.

За денеска во 14 часот во Клубот на пратениците, премиерот Заев ќе го најави и почетокот на кампањата за референдумот што треба да се одржи на 30 септември. Освен Заев, најавено е обраќање и на претседателот на ДУИ Али Ахмети и на актерката Сабина Ајрула. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ