• Latest

31 август низ вековите

August 31, 2018

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

31 август низ вековите

August 31, 2018 07:30
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

12.- Роден е римскиот цар Гај Јулиј Цезар Германик Калигула. Владеел свирепо, непресметливо, самоволно и со невидено расипништво од 37 до 41 година. Во 41 година бил убиен, а на негово место Сенатот за цар го прогласил неговиот чичко Клавдиј Тибериј Друз.

1688.- Умре англискиот писател и баптистички проповедник Џон Бањан. Поради држењето проповеди без дозвола на верските власти одлежал 12 години затвор.

1876.- Од власт е симнат турскиот султан Мурат Петти, а престолот го наследил неговиот брат Абдул Хамид Втори.

1908.- Роден е Вилијам Саројан, северноамерикански писател од ерменско потекло, еден од најпопуларните современи писатели во Америка. Познати негови дела се збирките раскази „Се викам Аврам, „Пет зрели круши, „Мамо, те сакам“, „Тато, ти си луд“, романите „Човекова комедија“ и „Доживувањата на Весли Џексон“, како и драмите „Моето срце е во гората“ и „Време на вашиот живот“. Умрел во 1981 година.

1924.- Кај селото Лопово на Пирин Планина бил убиен Тодор Александров. За убиството и нарачателот во историската наука постојат повеќе верзии. Тој бил македонски политички лидер и еден од водачите на ВМРО. Во 1898 година се приклучил во ТМОРО. Бил учител и раководител на месните комитети во Кочани, Виница, Кратово, Ново Село и Штип, секретар на четата на штипскиот војвода Мише Развигоров и на кочанскиот околиски војвода Симеон Георгиев– Кочански, окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ, член на ЦК на ВМОРО, член во Штабот на III македонска бригада во Балканските војни и во Штабот на партизанската чета на III бригада на XI македонска дивизија во Првата светска војна. По војната, заедно со Александар Протогеров и Петар Чаулев, ја обновил организацијата под името ВМРО (1919) и во 1920 ја зацврстил во Пиринскиот дел на Македонија, каде што создал организациона и воена база и оттаму ги обновил оружените четнички акции во Вардарскиот дел на Македонија. Дејствувал против политиката на земјоделската влада на Александар Стамболиски за зближување со Кралството на СХС. Го потпишал Мајскиот манифест за обединување на македонските револуционерни сили (1924), но пред убиството јавно се откажал од својот потпис. Роден бил во Ново Село, Штипско на 4 март 1881 година.

1939.- Пропаднале обидите на францускиот и британскиот премиер, Едуард Даладиер и Артур Невил Чемберлен, за преговори со германскиот водич Адолф Хитлер. Ден потоа нацистичките трупи ја нападнале Полска со што започнала Втората светска војна.

1941.- Умрела Марина Цветаева, руска писателка, една од најголемите поетеси во историјата на поезијата. Нејзини најпознати дела се збирките песни „Вечерен албум“, „Волшебниот фенер“, „Разделба“, „Занает“, како и драмите: „Жандарм херц“, „Виулица“, „Камениот ангел“, „Феникс“ и други. Родена била во Москва, на 26 септември 1892 година.

1942.- Советската армија во Втората светска војна ги исфрлила германските трупи од Букурешт, главниот град на Романија.

1944.- Албанските балисти го нападнале селото Блаце, Тетовско, и во мугрите на слободата уште еднаш ги покажале своите злодела преку палење, пљачкосување и убивање на невини жители. Со палежот на селото до темели биле изгорени 13 куќи и ѕверски убиени 12 родољуби.

1957.- Федерацијата на Малезија се здоби со независност.

1962.- Тринидат и Тобаго станале независна држава во рамките на британскиот Комонвелт.

1963.- Умрел францускиот сликар Жорж Брак. На почетокот работел во духот на фовизмот. Во 1909 година неговите слики изложени во Париз биле критикувани како кубистички. Заедно со Пабло Пикасо подоцна го создале кубизмот. Роден бил во 1882 година.

1970. – Во Скопје е роден Никола Груевски — македонски политичар. Бил министер за финансии во владата на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 до 2002 година, претседател на ВМРО-ДПМНЕ од мај 2003 година и претседател на владата на Република Македонија од 26 август 2006 до 18 јануари 2016 година. По иницијатива на Груевски се интензивирал процесот на денационализација на национализираниот имот во периодот 1945-1990. Имал имплементирано финансиски реформи меѓу кои воведување на данокот на додадена вредност (ДДВ), воведувањето на фискалните сметки, кампањата „Купувајте македонски производи“. Под негово водство ВМРО-ДПМНЕ победила на парламентарните избори 2006 година. На предвремените парламентарни избори 2008 година, победила коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што било нивна втора изборна победа по ред. Во мандатот на Груевски се вовел концептот на рамен данок, а обемот на странски инвестиции во периодот 2007–2014 бил 277 милиони евра по година. Во времето на Груевски се вовело задолжително средно образование и се отвориле два нови државни универзитета и над 20 државни факултети. На парламентарните избори во 2016 година ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ номинално освоиле најмногу пратеници, но по постизборната коалиција на СДСМ со неколку албански етнички партии кога тие формираат нова влада.

1973.- Умрел американскиот филмски режисер од ирско потекло Џон Форд. Форд бил автор на повеќе од 200 филмови.

1983.- Во Манила бил погребен лидерот на филипинската опозиција Бенин Акин. На погребот присуствувале повеќе од еден милион луѓе. Опозицискиот лидер бил убиен 10 дена порано на аеродром во Манила по враќањето од Америка каде што поминал три години како бегалец.

1986.- Умрел англискиот вајар Хенри Мур, еден од најголемите скулптори на 20. век. Роден бил во Кастелфорд во Јоркшир, на 30 јули 1898 година.

1986.- Умрел финскиот државник Урхо Кеконен, претседател на Финска од 1956 до 1982 година. Кеконен бил најистакнатиот фински политичар по Втората светска војна.

1992.- Регистриран е Комитетот на Хелсиншкиот парламент во Македонија со седиште во Скопје.

1994.- Трупите на поранешниот Советски сојуз и формално го повлекле военото присуство од поранешната Источна Германија. На церемонијата присуствувале претседателот на Русија Борис Елцин и германскиот канцелар Хелмут Кол.

1997.- Загинала британската принцеза од Велс – Дајана Спенсер, бившата сопруга на британскиот престолонаследник принцот Чарлс. Во истата автомобилска несреќа во Париз загинал и нејзиниот пријател Доди ел Фајед.

2003.- Кенија ја укинала забраната за дејствување на движењето Мау Мау, кое ја предводело борбата против британските колонијални власти во педесеттите години од 20. век.

2005.- Умрел британскиот физичар Џозеф Ротблат, еден од основачите на Пагвас конферецијата. За своите залагања против нуклераното вооружување бил добитник на Нобеловата награда за мир во 1995 година.

2013.- Папата Франциско го именувал искусниот дипломат надбискупот Пјетро Паролини за свој државен секретар, премиер на Ватикан и главен помошник, функција која често се нарекува „заменик папа“. Со именувањето на Паролини завршила ерата на кардиналот Тарчизи Бертоне, кој многумина го обвинувале дека не ги спречил етичките и финансиските скандали за време на папството на Бенедикт Шеснаесетти.

2014.- Во 90-та година од животот, во Скопје починала актерката Вера Вучкова – Жежељ, една од членките на иницијалниот ансамбл на МНТ кој на 3 април 1945 ја одиграл својата прва претстава „Платон Кречет“. Во таа историска претстава, Вучкова ја изговори митската реплика „Сонцето! Колку е блиску сонцето!“ Со Милчин и Стојанов, Вучкова исполнила на уште една историска театарска мисија: во јуни 1947, учествувала во основањето на Областен македонски народен театар во Горна Џумаја/Благоевград. Играла носечки ролји во сите пет претстави што овој театар ги изиграл во својата единствена сезона 1947-1948. Кариерата ја продолжила во Бугарија, каде како првенка на театрите во Благоевград, Димитровград и Бургас, играла полни 16 години. Во 1964 се вратила во Македонија, во ансамблот на МНТ, со кој настапувала и по пензионирањето во 1982-та. Во 2005 година, Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ на Вера Вучкова – Жежељ и додела награда за животно дело.

2015.- На 76-годишна возраст починал Вес Крејвен, легендарниот режисер на хорор-филмови, меѓу кои „Врисок” и „Кошмарот во улицата на брестовите“. Освен на хорор-филмови, Крејвен бил режисер и на „Музика на срцето”, за кој Мерил Стрип беше номинирана за Оскар. Крејвен завршил филозофија. Тој бил, исто така, писател и издавач. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ