• Latest

Меѓународната заедница со јасна поддршка за референдумот

September 6, 2018

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Меѓународната заедница со јасна поддршка за референдумот

September 6, 2018 08:26
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на референдумот на 30 септември денеска на средби во Скопје се генералниот секретар на НАТО Јанс Столтенберг и  министерот за надворешни работи на Големото Војводство на Луксембург, Жан Аселборн. Во петок во посета на Македонија доаѓа австискиот канцелар Себастијан Курц, а во сабота на Денот на независноста и канцеларката на Германија Ангела Меркел.

Се очекува високите европски државници и првиот човек на НАТО да и дадат поддршка на Македонија за успешен референдум и членство на земјата во НАТО и ЕУ.

Столтенберг синоќа на скопскиот аеродром го пречека министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Во пресрет на посетата на првиот човек на НАТО, вчера Шекеринска изјави дека светот навистина го цени она што се случува во Македонија и дава силна поддршка на нашите стратешки цели членството во ЕУ и во НАТО.

– Во една година прв пат ни се случува генерален секретар на НАТО да ја посети Македонија како земја која се уште не е членка на НАТО-Алијансата. Светот навистина го цени ова што се случува во Република Македонија и дава силна поддршка на нашите две стратешки цели – членство во ЕУ и членство во НАТО, рече министерката.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски, пак, во врска со посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Скопје вели дека нејзиното совпаѓање со македонскиот државен празник 8 Септември само по себе зборува за симболиката.

Австриската амбасадорка Ренате Коблер во разговор за МИА истакна дека Македонија никогаш не била поблиску до Европската Унија.

– Извештајот со препораките на Комисијата во април беше позитивен. Советот на министри во јуни, исто така, даде позитивен сигнал. Можам да кажам дека соработката со соседните земји е многу подобрена, особено со потпишувањето на договорот со Грција, а подобрена е соработката и со Бугарија, рече Коблер.

Таа додаде дека следниот чекор е референдумот и оти македонските граѓани го заслужуваат наредниот чекор до Европската Унија.

– Во голема мера, Македонија сега ја има најголемата поддршка. Еве стигнува генералниот секретар на НАТО, в петок доаѓа канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, в сабота германскиот канцелар Ангела Меркел. Тоа значи дека сета поддршка оди рака под рака со сите реформи што треба да се направат. Има многу полиња што треба да се опфатат со реформите: тука се, пред се, судството, образованието, и земјоделството, кои се опфатени со извештајот од Комисијата, рече австриската амбасадорка, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Македонскиот премиер Зоран Заев повтори дека неговата Влада е стопроцентно определена за членство во НАТО и ЕУ и тоа така и ќе остане.

Посредикот на ОН во спорот за името Метју Нимиц во интервју за БИРН, пак, во однос на оспорувањето на Договорот со Грција за името кажа дека поминаа 25 години, а може да поминат уште толку пред нов договор доколку овој не помине.

За него, идејата за долготрајно чекање и неспроведување на договорот е многу ризична.

– На оние во вашата држава што велат ‘ајде да почекаме, да оставиме уште неколку години, ќе имаме подобар договор во иднина’, jас им велам ‘Не знаете тогаш каде ќе биде ЕУ, дали ќе сакаат уште една членка, дали ќе сакаат тоа да биде вашата држава, не знаете каде ќе биде НАТО, не знаете што ќе се случи во Грција со смената на власта, не знаете што ќе се случи во регионот. Идејата за долготрајно чекање е многу ризична“, нагласува Нимиц.

Вели дека е воздржан оптимист, но оти сепак, не е се готово. За договорот да биде спроведен, треба да помине референдумот, да се усвојат уставните измени и потоа грчкиот парламент да го ратификува.

– Се надевам дека ќе помине во двете држави, затоа што е фер и чесно решение за двете страни, но ако не помине, не гледам решение во скоро време. Поминаа 25 години, може да поминат уште 25. И многу луѓе ќе го загубат интересот, ако ова не помине сега во вашата држава, предупреди Нимиц. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ