• Latest

Нов оглас за закуп на 834 хектари државно земјоделско земјиште

September 6, 2018

Загрепскиот небодер ‘Вјесник’ во пламен: Огнот беснее по катовите, штетата огромна, нема човечки жртви

November 18, 2025

Студентите од Србија под кибер-офанзива: „Некој сака да го замолчи нашиот глас“

November 18, 2025
Фото: Скриншот од Фејсбук страната на германската амбасада во Приштина

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул денеска во Скопје

November 18, 2025

Бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции до 21 ноември

November 18, 2025

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нов оглас за закуп на 834 хектари државно земјоделско земјиште

September 6, 2018 12:05
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство (МЗШВ) објави нов јавен оглас за давање под закуп на државно земјоделско земјиште до три хектари со кој се нудат над 834 хектари во Битола, Велес, Македонски Брод, Гевгелија, Демир Хисар, Крива Паланка, Кратово, Струмица, Пробиштип и Тетово. 

Почетната цена по хектар за површини до три хектари изнесува 25 евра во денарска противвредност за земјоделско земјиште од I до IV катастарска класа и 15 евра во денарска против вредност за земјоделско земјиште од V до VIII катастарска класа, по среден курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата. Доколку земјоделското земјиште се наоѓа во планински подрачја, почетната цена за земјиштето од I до IV катастарска класа изнесува 15, а за земјиште од V до VIII класа изнесува пет евра во денарска противвредност, по среден курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата.

– Земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп со овој јавен оглас е со намена за подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години,  подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигање на маслинарници за период до 50 години, одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години, соопшти МЗШВ.

Право на учество на јавниот оглас имаат сите домашни физички и правни лица, како и странски правни лица, кои немаат склучено важечки договор за закуп на државно земјиште со МЗШВ.

Понудите и документацијата треба да се достават до 04.10.2018 година, а јавното отворање ќе се одржи 09.10.2018 година во големата сала за состаноци во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со почеток од 10 часот.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во изминатиот период преку четири активни мерки понуди над 4.380 хектари државно земјоделско земјиште под закуп. Роковите за аплицирање на дел од овие јавни огласи се завршени и понудите се обработуваат. Единствено јавниот оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над три хектари со кои се доделуваат над 1.090 хектари во Гази Баба, Делчево, Карпош, Кисела Вода, Кочани, Охрид, Прилеп, Струга и Струмица, трае до 11-ти овој месец.

Од МЗШВ ги потсетуваат сите заинтересирани, да внимаваат на критериумите и комплетноста на документацијата, и да ги запазат роковите за да може навреме да се склучат договорите.

– Крајната цел на МЗШВ, е вистинска и неселективна распределба на државното земјоделско земјиште, што ќе значи зголемени обработливи површини и зголемено производство на квалитетни, конкурентни и безбедни земјоделски производи, велат од Министерството.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ