• Latest

Улицата кај Градски стадион ќе го носи името на норвешкиот дипломат Столтенберг

September 6, 2018

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025

„Децата молчат, ние мора да зборуваме“: Почнува кампања „1 од 5“ за спречување сексуално насилство врз деца

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН го прифати американскиот план за мир во Газа

November 18, 2025

Загрепскиот небодер ‘Вјесник’ во пламен: Огнот беснее по катовите, штетата огромна, нема човечки жртви

November 18, 2025

Студентите од Србија под кибер-офанзива: „Некој сака да го замолчи нашиот глас“

November 18, 2025
Фото: Скриншот од Фејсбук страната на германската амбасада во Приштина

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул денеска во Скопје

November 18, 2025

Бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции до 21 ноември

November 18, 2025

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Улицата кај Градски стадион ќе го носи името на норвешкиот дипломат Столтенберг

September 6, 2018 12:29
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Улицата што ги поврзува Градскиот парк, Градскиот стадион и кејот на реката Вардар ќе го носи името “Улица Столтенбергова”, во чест на норвешкиот дипломат Торвалд Столтенберг, во знак на благодарност од Град Скопје и на скопјани за несебичната негова помош по катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година. 

Ова беше соопштено на денешната свеченост по овој повод, а на која присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

– Во годината кога ја одбележуваме 55-годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес, се збогувавме и со големиот пријател и почесен граѓанин на Скопје, Торвалд Столтенберг. Неговите заслуги во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 се огромни. Скопјани го паметат по изградбата на детската болница во Козле, што е донација на кралствата Норвешка и Шведска, изградбата на норвешките бараки во Тафталиџе, како и координацијата на помошта на норвешкиот Црвен крст што пристигала во првите денови по земјотресот, рече градоначалникот Шилегов, на откривањето на таблата на улицата Столтенбергова.

Столтенберг улуца Градски парк

Торвалд Столтенберг, нагласи Шилегов, направи многу за Скопје и за граѓаните на овој град, но она што го остави зад себе овој голем човек се мостовите на пријателство меѓу Македонија и Норвешка, изградени од солидарност и хуманост.  Скопје, потенцира, секогаш ќе се сеќава на тие што му помогнале во неговите најтешки времиња.

– Токму затоа, оваа табла му ја подарувам на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за да знае дека тоа што го направи неговиот татко за овој град, никогаш нема да биде заборавено, нагласи Шилегов.

Генералниот секретар Столтенберг се заблагодари на градоначалникот Шилегов за оваа иницијатива и искажа задоволство што Скопје и неговите жители ги паметат напорите на неговиот татко во обновата на пост-земјотресно Скопје.

– Скопје имаше посебно место во срцето на татко ми, поради блискоста со градот по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Тој беше почестен од неговото прогласување за почесен граѓанин на Скопје и сигурен сум дека ќе му претставуваше голема чест што улица во Скопје ќе биде именувана по него, истакна Столтенберг. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ