• Latest

Димитров: Ударите за мојот политички ангажман упатете ги кон мене, а не кон ќерка ми

September 6, 2018

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025

„Децата молчат, ние мора да зборуваме“: Почнува кампања „1 од 5“ за спречување сексуално насилство врз деца

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН го прифати американскиот план за мир во Газа

November 18, 2025

Загрепскиот небодер ‘Вјесник’ во пламен: Огнот беснее по катовите, штетата огромна, нема човечки жртви

November 18, 2025

Студентите од Србија под кибер-офанзива: „Некој сака да го замолчи нашиот глас“

November 18, 2025
Фото: Скриншот од Фејсбук страната на германската амбасада во Приштина

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул денеска во Скопје

November 18, 2025

Бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции до 21 ноември

November 18, 2025

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров: Ударите за мојот политички ангажман упатете ги кон мене, а не кон ќерка ми

September 6, 2018 15:22
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Секој студент којшто ги исполнува строгите критериуми за упис на најдобро рангираните 100 универзитети има право да добие стипендија и не смее да биде дискриминиран, а истото важи и за Јана Димитрова, ќерката на сегашен функционер Никола Димитров“, велат од Владата на Република Македонија.

Доделувањето стипендии во 2017 година се одвиваше во законската постапка и врз основа на јасни, прецизни, правно уредени и пропишани критериуми и услови. Секој кандидат кој ги исполнуваше условите за доделување стипендија за студирање на најдобро рангираните 100 универзитети беше стипендиран, без каква било дополнителна селекција или приоретизација, се вели во соопштението.

Министерот за надворешни работи на својот Фејсбук профил напишал дека е згрозен од вовлекувањето на неговото семејство во политичка хајка во време на историската одлука.

„Пред сè, сакам јавно да ѝсе извинам на ќерка ми, за грозните пораки што ги добила и за јавното изложување што го предизвикала единствено затоа што е одговорна и способна. Затоа што успеа да се запише на еден од најдобрите универзитети во светот. Гордост моја! Ударите за мојот политички ангажман упатете ги кон мене“, истакна тој.

Од Владата додаваат дека во конкурсот немаше ограничување на бројот на места, а во 2017 година имаше помалку кандидати од одобрените средства за стипендии.

Процедурата беше во согласност со критериумите, сите одлуки за стипендии беа донесени пред распишувањето на изборите, во законски дозволениот рок.

Формираните комисии одлучуваат во определени временски интервали, согласно доставените пријави за стипендирање. Заради почитување на законските рокови, сите одлуки се донесени пред распишување на изборите, со цел студентите да не ја испуштат учебната година која почнува или во септември или октомври, зависно од универзитетот.

Заради изборите беше поместено и одлучувањето за стипендиите за Шефилд кои ги доделува МОН во содејство со Претседателот на РМ.

Во случајот со стипендирањето на ќерката на Никола Димитров, не постои никакво отстапување од методологијата спроведена кај сите други кандидати, не постои  ниту нејзино привилигирање, ниту дискриминирање на било кој друг кандидат. Тоа може да се види и од списокот на кандидати и од списокот на лицата кои конкурирале. Јана Димитрова, како и сите други апликанти, за да ја добие стипендијата морала да ги исполни сите строги критериуми наведени во конкурсот и да обезбеди потврда дека е примена на еден универзитет од шангајската листа, во дадена област којашто се стипендира, потенцираат од Владата.

Д. Муратов

Share233Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ