„Мојот став за референдумот е сите граѓани во Република Македонија да излезат и да гласаат. Мислам дека референдумот треба да се прифати затоа што ние секогаш сме биле со некое друго име, ФИРОМ или претходно, секогаш сме имале друго презиме“, вели еден граѓанин на Струга на прашањето на ЦИВИЛ Медиа за неговиот став во врска со рефередумот.
„Видете, јас работам во Словенија и на сите документи не смеам да напишам Република Македонија туку пишувам ФИРОМ“, рече тој.
М. Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Владо Крстевски