На денешните општи избори во Босна и Херцеговина учествуваа 72 политички партии и 39 независни кандидати за околу петстотини позиции. Со оглед дека и БиХ се соочува со проблемот на непрочистен Избирачки список, три милиони и триста илјади гласачи требаа да одлучуваат од вкупно три милиони и петстотини жители.
Според информациите од медиумите во Република Српска, Министерство за внатрешни работи сослушале единаесет лица под сомнение поткуп на гласови. Исто така, набљудувачката група „Под лупа“ информирала дека на избирачките места во областа Лопар, Република Српска се појавиле седумдесет лажни набљудувачи.
Ц. М.