• Latest

Доле режимот – да живее режимот

October 13, 2018

24 ЧАСА: Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари; Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, реагира Силјановска Давкова; Нетанјаху сака „целосно освојување“ на Газа

August 5, 2025

Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари – дел од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

August 5, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Трибините – огледало на политиката

August 5, 2025

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

August 5, 2025

Партијата на Додик ја отфрла пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, повикува на „влада на национално единство“

August 5, 2025
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Доле режимот – да живее режимот

October 13, 2018 10:49
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

10 октомври 2018 година… Денеска добив две покани од Министерството за внатрешни работи (Сектор за прекршоци) во кои ме повикуваат да дојдам во Комисијата за прекршоци во својство на сторител, а врз основа  на барања за поведување на прекршочна постапка поднесени од страна на Министерството за внатрешни работи до Министерството за внатрешни работи (повторувањето не е грешка туку факт) заради сторен прекршок: оштетување на јавна зграда.

Мирјана Најчевска

Барањата за поведување на прекршочна постапка од Министерството за внатрешни работи се доставени до Министерството за внатрешни работи на 6 јули 2016 година и на 11 јули 2016 година (од претходниот режим), а се процесирани на крајот од 2018 година (од сегашниот режим).

Многу интересна ситуација ова со поканиве.

Прво, Шарената револуција беше граѓанско движење против еден диктаторски режим кое успеа на најбезболен и најбезбеден начин (со фрлање на боја врз објектите на државната власт) и без никакви жртви да го сруши режимот. Повикувањето на одговорност за фрлањето боја врз објекти на државната администрација е еднакво на повикување на одговорност за рушење на диктаторскиот режим. Значи, јас треба да бидам казнета затоа што сум го срушила диктаторскиот режим.

Со други зборови, полицијата на политичката гарнитура која беше донесена на власт како резултат на ова граѓанско движење ги гони претставниците на граѓанското движење заради тоа што ја донеле на власт.

Второ, не се повикуваат на одговорност сите учесници на Шарената револуција туку само оние кои не влегоа во власта.

Со други зборови, како резултат на фрлањето боја Заев стана премиер и заради тоа никому не му паѓа на крај памет прекршочно да го гони.

Како резултат на фрлањето боја Шеќеринска стана министер за одбрана и заради тоа никому не му паѓа на крај памет прекршочно да ја гони.

Како резултат на фрлањето боја Шилегов стана градоначалник и заради тоа никому не му паѓа на крај памет прекршочно да го гони.

Како резултат на фрлањето боја Павле Богоев стана пратеник и заради тоа никому не му паѓа на крај памет прекршочно да го гони.

Јас останав граѓански активист и заради тоа мене прекршочно ме гонат.

Со тоа е прекршен Уставот на Република Македонија, Законот за спречување и заштита од дискриминација и на крај и членот 8 (Начело на еднаквост, непристрасност и објективност) од Законот за општата управна постапка.

Трето, самата покана се повикува на член 67 од Законот за општа управна постапка од 2005 година и покрај тоа што тој закон престанал да важи 2015 година (член 140 од Законот за општа управна постапка) со што е прекршен членот 5 од Законот за општа управна постапка (начелото на законитост).

Четврто, барањето за поведување прекршочна постапка не ги содржи елементите предвидени во членот 90 (Содржина на барањето) од Законот за прекршоци.

Петто, во поканата сум означена како сторител, не осомничен,  со што е нарушена презумцијата на невиност и органот кој ја испратил поканата веќе донел одлука за случај во кој јас не сум ни обвинета, судена ни осудена.

Шесто, во двете барања како службеник кој го констатирал прекршокот се наведува исто лице Николоски Гоце од ПС ОН “Центар“-СВР Скопје и покрај тоа што станува збор за два различни настани, кои се случиле во различно време и на различно место.

Заради сето погоре наведено јас Најчевска Мирјана,

Прво, ќе поднесам пријава за дискриминација до Комисијата за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

Второ, ќе поднесам кривична пријава против началникот на одделението за прекршоци на СВР Скопје Мехди Мустафа (потписник на барањето), заради злоупотреба на службената должност.

Трето, ќе поднесам кривична пријава против службеното лице Петрушевски потписник на поканата заради нарушување на пресумпцијата на невиност и злоупотреба на службената должност.

Четврто, ќе поднесам кривична пријава против униформираниот полициски службеник Николоски Гоце заради сомнение за давање лажен исказ и мамење во вршење на служба.

Петто, ќе поднесам тужба за дискриминација против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по командна одговорност.

И на крај, драги мои актуелни властодршци,  со ова покажувате дека вие не го срушивте диктаторскиот режим, туку само станавте нови корисници на истиот.

Print Friendly, PDF & Email
Share75Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ