• Latest

Официјално Груевски неоправдано отсутен

November 14, 2018

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Официјално Груевски неоправдано отсутен

November 14, 2018 13:02
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По координација кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, донесен е заклучок дека пратеникот Никола Груевски, од денешниот ден се смета за неоправдано отсутен, имајќи ги предвид информациите од надлежните органи дека тој се наоѓа во бегство.

Според член 30 од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, пратеникот кој е спречен да присуствува на седницата на Собранието, преку Пратеничката група, го известува претседателот за отсуството. На пратеникот кој отсуствува најмалку трипати едно по друго на седниците на Собранието, а за тоа не го известил претседателот, му се одзема 5% од платата за секој ден отсуство, за што акт донесува Комисијата за прашања на избори и именувања. Овој член ќе важи за неоправданото отсуство на пратеникот Никола Груевски.

Деловникот пропишал дека, на пратеникот му престанува или може да му биде одземен мандатот само во случаи утврдени со Уставот, Законот и Деловникот. Еден од условите е и пратеникот да е недостоен за вршење на пратеничката функција, за што Судот кој ја изрекол казната испраќа известување до претседателот на Собранието.

За пратеникот Никола Груевски, Собранието не донесе одлука за одземање на мандатот, бидејќи не се изјасни минимумот од 80 пратеници. Според ова, по овој основ и за оваа казна затвор, на пратеникот не може да му биде одземен мандатот.

Во Деловникот во член 59 е пропишано дека за пратеник кој неоправдано отсуствува од седниците повеќе од шест месеци, претседателот на Собранието ја известува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, а одлуката за одземање на мандатот по овој основ се носи на седница на Собранието.

На денешната координација, иако уредно известен, вообичаено, не присуствуваше координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, но е информиран за заклучоците од координацијата.

 

Share5TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ