• Latest

Од сон до реализација: Дом за деца без родители во Радовиш

December 13, 2018

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Од сон до реализација: Дом за деца без родители во Радовиш

December 13, 2018 13:50
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Радовиш може да се пофали со Дом за деца без родители по иницијатива и огромна желба на радовишанката Наталија Софија Гура да се помогне на оваа социјално ризична група.

Тргнувајќи од сопствената животна приказна како 13 годишно девојче што се нашло во ситуација да живее сама поради заминувањето на мајка ѝ на работа во Италија. Иако таа ја имала родителската грижа и љубов, сепак во тие критични моменти од животот на едно дете морала да научи сама да се грижи и да ги исполнува сите обврски.

Домот за деца „Емануел“ во Радовиш има капацитет за 8 деца, а во него во моментот живее само едно детенце

Токму ваквото растење, како што вели самата, ја мотивирало уште во тие години, еден ден да отвори Дом за деца без родители на кои ќе им пружи родителска грижа и љубов.

Домот има капацитет за 8 деца, но засега таа се грижи само за едно 4 годишно детенце. Наталија поведена од сопственото искуство и емпатија се нафаќа многу млада и сама на еден храбар чекор, згрижувањето на деца без родители да го подигне на повисок степен и како што вели таа да создаде дом во кој сите деца што ќе ги вдоми ќе можат и кога ќе бидат возрасни да се вратат во домот кој заедно ќе го создадат.

„Детето веќе два месеци е во Домот. Од Битола ми го донесоа со неразвиен вокабулар за негова возраст. Сè уште носеше памперси… Детенцето веќе оди во градинка и во спортска универзална школа… “, вели Наталија.

Наталија поведена од сопственото искуство и емпатија се нафаќа многу млада и сама на еден храбар чекор, згрижувањето на деца без родители да го подигне на повисок степен и како што вели таа да создаде дом во кој сите деца кои ќе ги вдоми ќе можат и кога ќе бидат возрасни да се вратат во домот кој заедно ќе го создадат. Таа смета дека ние треба да бидеме промената што ја сакаме во општеството и дека треба да тргнеме од нас и нашите дела и постапки.

Домот за деца „Емануел“ можете да го следите и на Фејсбук каде можат да се најдат сите информации за донации

Има сметка за донација, има благородна идеја но за реализација потребна и е секако помош и поддршка од граѓаните и државата. Од Министерството за труд и социјална политика ветиле дека се планира промена на Законот за социјална помош во 2019 година ќе се отвори можност за да може Здружение на граѓани да функционира како Дом за деца без родители.

Наталија основно и средно образование завршила во Радовиш, а дипломирала на  Економски универзитет во Краков, Полска, каде за време на своите студии подолг временски период волонтирала во граѓанска организација  што работела со деца од социјален ризик. Од 2012 до 2018 година работи во Англија, претежно во Лондон, како негувател за парализирани лица со скршен р’бет. Додека живее и работи во Англија  започнува со реализација на идејата за отворање на Домот и во период од мај  2014 година започнува со изградбата. Четири години го гради домот според стандардите што треба да ги исполнува еден згрижувачки Дом за деца без родители. Инвестициите за домот се од лични средства, како физичко лица и со финансиска помош на мајка ѝ.

Домот за деца „Емануел“ можете да го следите и на Фејсбук каде можат да се добијат сите информации за начинот на донирање и потребната материјална помош.

Симона Живкова

Монтажа: Биљана Јордановска

 

 

 

Share1882TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ