Утрово, преку герила-акција, во дворот на Универзитетот св. Кирил и Методиј, на симболичен начин и директно беше испратена порака за разрешување на професорката при Универзитетот, Билјана Ванковска.
Неколку фотографии на професорката испишани со зборовите „оставка“ осамнаа во дворот на Универзитетот, како реакција на ужасниот говор на омраза на професорката Ванковска по повод трагичната автобуска несреќа.
Герила акцијата ја спроведе Албанскиот младински форум.
„Поттикнувањето омраза употребата на говор на омраза со нехумана и неетичка содржина од една универзитетска професорка којашто е во служба на подигање на образовната свест – академик, е скандалозно и неприфатливо.
Вакви личности се непотребни и немаат место во ниедно општество со цивилизациски вредности, дотолку помалку во елитниот опус.
Албанскиот младински форум го осудува чинот и говорот на омраза што поттикнува само меѓуетничка провокација и омраза, и затоа бараме од надлежните државни институции итно решаваље на овој проблем. Владата, Обвинителството, Ректоратот на УКИМ да преземат казнени мерки и разрешување во случајот со професорката Билјана Ванковска.
Албанскиот младински форум исто така изразува спремност за максимална поддршка, стимулирачка и организациска, на секој механизам за да се оди до крај со овој случај, до заслуженото казнување на професорката Ванковска“, стои во соопштението на организацијата.
Д. Т.