На плоштадот Скендербег во Старата Чаршија започна најавениот протест „Против двојни стандарди и против дискриминација и сегрегација на Албанците“. Протестот е организиран од Здружението за политички затвореници, заедно со Советот на семејства на лица кои се осудени и затворени, вклучувајќи ја и групата осудена за вооружениот напад во “Диво Насеље”.
На 9 и 10 мај 2015 година се случи вооружениот напад во Диво Насеље во Куманово. Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, а 37 полицајци беа ранети. За „Диво насеље“ од февруари 2016 година во Кривичниот суд започна судски процес против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”.












