Канцеларијата на премиерот Зоран Заев информира дека тој ќе користи дел од своите слободни денови, заради приватни причини, од 10 до 14 мај 2019 година. Во кусото известување од Владата нема други информации. Ова го привлече вниманието на јавноста, затоа што отсуството на премиерот со совпаѓа со инаугурацијата на Стево Пендаровски в недела, во 12 часот.












