„Некаде кон крајот на 2016, веднаш по парламентарните избори, тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во еден долг ноќен говор пред Државната изборна комисија најави одмазднички процес наречен „десоросоизација“ со кој буквално го започна формалниот институционален напад врз илјадници наши граѓани и врз голем број граѓански организации во државата“, изјави Радмила Шекеринска, министрека за одбрана на денешната прес конференција пред Владата во врска со Законот зао дначување на граѓанските организации.
Тогаш тој одмазднички говор беше насочен кон оцрнување на сите оние што го дигнаа својот глас против режимот. Сите организации кои имаа различен став од тогашната Влада и сите оние кои сметаа дека слободата на говор, слободата на здружување и сите останати уставни категории навистина немаат алтернатива… Хајката имаше за цел да врши постојан притисок и да ги етикетира сите оние кои беа активни во невладиниот сектор. Меѓутоа, хајката, исто така, беше проследена и со многу силен јавен и медиумски притисок со кој сите тие беа оквалификувани или како платеници или како предавници. Овие закани не останаа само на зборови, тие закани преминаа и во дела и тоа од страна на клучни многу важни институции во државата. Класичен политички притисок, дискриминација злоупотреба на службена должност видовме од страна на институции како што се Управата за јавни приходи, Финансиската полиција и Јавното обвинителство за организиран криминал кои започнаа практично секојдневен притисок и закани кон различни членови и делови од граѓанскиот сектор“, изјави Шекеринска.
Шекеринска додаде дека тогашната власт имала цел да ги замолчи невладините организации и граѓанскиот сектор и да ги казни оштетувајќи ги финансиски и ако е можно да ги затворат.
„Денеска, после неколку чекори преземени и од Владата, од владините институции, но и од Собранието на нашата држава можеме да кажеме дека навистина правдата е задоволена и дека неправдата нанесена кон овие поединци и невладините организации е исправена. Имено уште кон крајот на ноември, Финансиската полиција ги затвори сите овие истраги и излезе и пред домашната и пред европската јавност со констатација дека ниту една законска одредба не била прекршена и дека немал основ ваквиот одмазднички и навистина прилично агресивен процес. По долготрајни анализи и консултации со неколку владини институции и консултации со Собранието, Владата дала позитивно мислење, а Собранието донело автентично толкување на законот со кој овој проблем се решава… Автентичното толкување, заедно со претходно изменетиот закон покажа дека оваа Влада не сака да остава сиви зони со кои што денес или утре било кој може да го уценува, притиска или манипулира. На овој начин решението ќе гарантира дека било која државна институција нема да може на ваков начин да создава притисок кон оние кои можеби не ги имаат истите политички убедувања“, изјави Шекеринска.
Шекеринска изјави и дека оваа неравда ја исправаат не само поради граѓанските организации, туку и за самата држава која залсужува да биде демократска и заслужува да има гласен и јасен граѓански сектор кој нема да се плаши од Владата.
Б. Ј.












