• Latest
Оливер Деркоски, Претседател на ДИК

3,76 милиони евра за медиумска изборна кампања, членовите на ДИК одлучија да не земат награда

May 28, 2019
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

3,76 милиони евра за медиумска изборна кампања, членовите на ДИК одлучија да не земат награда

May 28, 2019 14:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Оливер Деркоски, Претседател на ДИК

Оливер Деркоски, Претседател на ДИК

Share on FacebookShare on Twitter

Со Правилникот за определување надоместок на членовите на изборните органи и изборната администрација за спроведување на претседателските избори 2019 година и предвремените избори за градоначалници на општините Охрид, Ново село и Дебар, што беше усвоен на денешната седница на ДИК, по првпат се врши градација на надоместокот во зависност од неколку критериуми.

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски изјави дека со овој Правилник покрај градација на Општинските изборни комисии по бројот на избирачките одбори за прв пат е извршена  и градација на надоместокот на Избирачките одбори, бидејќи сите не се исти во својата работа.

Тој додаде дека во избирачките места каде што има помал број избирачи, ангажираните лица во изборниот процес немаат иста работа и обврска во текот на денот како оние кои што имаат 1.000 избирачи запишани во избирачкиот список.

На избирачки места каде има најмалку, односно до 100 запишани гласачи во избирачкиот список, според градацијата на претседателот на ИО му се определува надоместок од 5.200 денари за двата изборни круга, на неговиот заменик 4.200 денари, на член на ИО 3.200 денари, а на заменикот-член 3.200 денари, додека кај избирачките одбори каде има над 801 гласач на избирачкиот список, на претседателот на ИО му се определува надоместок во висина од 6.000 денари за двата круга, на неговиот заменик 5.000 денари, на член на ИО и нивните заменици по 4.000 денари.

На оние избирачки места каде што гласањето е поништено, износот за членовите на овие избирачките одбори се намалува за 30 отсто.

ДИК предлага да се определи надоместокот за изборната администрација и лицата ангажирани во помошните тела врз основа на три критериуми: временски ангажмани, работни компетенции и работна успешност.

Единствено членот на ДИК Борис Кондарко не гласаше за Правилникот, бидејќи според него, одредени делови, односно критериуми се недоволно и несразмерно регулирани за конкретни категории на лица, како што се стручната служба и подрачните одделенија во ДИК.

Деркоски информира дека медиумската кампања за претседателските избори и за вонредните избори за градоначалници чинела околу 3.760.000 евра.

„По кандидати за двата дела на кампањата до ДИК се доставени извештаи од медиумите и тоа за кандидатот Гордана Силјановска 88 милиони денари, за Стево Пендаровски 80.960.000 денари и за Блерим Река 50 милиони и 500 илјади денари, или вкупно околу 291 милиони денари“,  рече Деркоски.

ДИК досега ја реализирала првата транша доставена од буџетот на државата во висина од 100 милиони денари, а во тек е обработката и исплата за средства за вториот дел од кампањата.

Од државниот буџет за организација и спроведување на претседателските и вонредните локални избори добиени се над 7,7 милиони евра, од кои 3,7 милиони за медиумска кампања.

Членовите на Државната изборна комисија донеле одлука да не земат награда, односно надомест за изборните ангажмани, освен нивната плата.

 

 

Share48TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ