• Latest

Адеми: Распределувањето на државниот буџет за учесниците во изборната кампања ќе биде најпроблематично

April 19, 2019
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Адеми: Распределувањето на државниот буџет за учесниците во изборната кампања ќе биде најпроблематично

April 19, 2019 08:00
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот завод за ревизија, во согласност со своите надлежности во контекст на изборните процеси, е надлежна за следење и ревизија на политичкото финансирање. Поконкретно, се оценуваат финансиските извештаи на политичките партии, а во овој случај, за претседателските избори и на кандидатите за претседател.

Во разговор со ЦИВИЛ Медиа, Заменик главен државен ревизор Насер Адеми зборуваше и за потешкотиите што ќе произлезат од буџетирањето на учесниците во изборна кампања од средствата на држвата што ги распределува Државната изборна комисија. Адеми ја појасни улога на ДЗР, потребите на институцијата за нејзиното професионлано функционирање, надлежностите, корупцијата во политичкото финанисрање…

ЦИВИЛ МЕДИА: Која е улогата на ДЗР во изборите? 

АДЕМИ: Нашата улога во изборните процеси е иста како и на другите институции. Единствената разлика е што ние не сме надлежни за нивно спроведување. Според член 75-ѓ од Изборниот законик, медиумите до ДЗР доставуваат ценовници пет дена по распишување на изборите за рекламирање на кампањата. Политичките партии, а во овој случај кандидатите за претседател по 10 дена доставуваат финаниски извештај, а ние ги објавуваме на нашата веб страница, транспарентно, за да има увид и јавноста. Вториот извештај го доставуваат на 20-от ден, а финалниот извештај по завршување на изборите. Се чека 90 дена да ги затворат трансакциските сметки, по што имаат 30 дена да ги достават извештаите, па тогаш ние да почнеме да ги ревидираме учесниците во кампањата. Одбројувањето на овој временски рок започнува по објавување на конечните резултати од ДИК. Тоа значи дека некаде на есен ние ќе започнеме со ревизија на конечните финансиски извештаи.

ЦИВИЛ МЕДИА: Што по ревизорскиот извештај? Доколку забележите недоследности во финансирањето, кој е следниот чекор:

АДЕМИ: По нашите извештаи следуваат препораки и понатамошни задачи за политичките субјекти врз основ на ревизијата. По извесно време, се враќаме кај политичките партии, да видиме дали се воделе по препораките. Ако нашите ревизори констатираат дека има корупција или некој криминалитет во текот на работата, ги доставуваме до надлежните институции, Државната комисија за спречување корупција и Јавното обвинителство, кои понатаму ја спроведуваат процедурата според нивните овластувања… Откако ги набљудуваме политичките партии, има доста подобрување на состојбата и секоја година помалку и помалку наоди имаме за извештаите на политичките партии, а тоа се должи на нашиот труд. Со невладините организации, како и со ЦИВИЛ, на пример, сме барале да се организира едукација за финанисрањето за политичките партии. Така, уште повеќе ќе се подобрува финансиското работење на партиите, посебно во време на кампања… Новината на овие избори е што прв пат, освен од донации и сопствени средства, партиите се финанисраат и од буџетот на државата. Како ќе ги делат парите меѓу тројцата кандидати, уште не е прецизирано и таму се расчистуваат некои работи, затоа што ДИК ја има обврската за распределба на тие средства. Во нашите извештаи ќе се види како течел процесот и дали ќе имаме некоја сугестија за понатаму.

ЦИВИЛ МЕДИА: Со оглед дека ДИК ќе треба да ги распределува буџетските средства, сметате дека може да дојде до некакви нерегуларности?

АДЕМИ: Пред почетокот на кампањата ДИК иницираше да потпишеме Меморандум за соработка меѓу ДИК, ДКСК и ДЗР. Ние и без меморандумот могу соработуваме меѓу себе. ДИК се пожали дека ќе им биде многу тешко, затоа што прв пат се соочуваат со такво нешто, а потребна е голема контрола на тие средства. Автоматски, тоа подразбира, според закон, дека можеме и ДИК да го ревидраме во тој дел, за да дојдеме до прецизност да не грешиме на наредните избори.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се клучните точки каде може да се појави корупција во областа на политичкото финансирање?

АДЕМИ: Ќе имаме увид по нашето ревидирање. Ако нашите ревизори детектираат проблем, според Законот за ревизија, член 35, наша обврска е веднаш да ги информираме надлежните органи. Ние имаме правници и економисти, ама даваме само мислење.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се предизвиците на ДЗР и што е протебно дополнително да се направи за ДЗР да биде во состојба да ги исполни своите задачи во целост?

АДЕМИ: Најголемиот предизвик е нашите ревизорски извештаи да се разгледуваат и да поминат во Собрание. Правиме големи напори со Собранието, овие последни 18 месеци. Имаме соработка и со надворешни експерти за да се разгледуваат извештаите, за што полесно и побрзо да стигнеме до целта. Се надевам дека ќе успееме. За ДЗР друг предизвик е уставната категорија. За да почнеме со Планот 32, ние мораме да бидеме уставна категорија и така го добиваме тоа големото – независноста што ја бараме. Затоа што сме единствена институција можеби во Европа што не сме уставна категорија сѐ уште. Истовремено, работиме на зголемување на нашите капацитети.

ЦИВИЛ МЕДИА: Вие сте Заменик главен државен ревизор. Зошто уште немаме Главен државен ревизор?

Насер Адеми, Заменик главен државен ревизор

АДЕМИ: За тоа одлучуваат други инстанци. Заменик главен ревизор според Законот за ревизија има надлежност да ги исполни сите ревизорски обврски, за што е назначен Главниот државен ревизор.  Тој се именува од Собраието и мора да ги помине сите филтери додека да стапне на оваа функција. Отакако сум јас тука, непречено ги завршуваме сите обврски на меѓународен и домашен план.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали тоа значи дека нема потреба од Главен државен ревизор?

АДЕМИ: Не, туку затоа што имаме премногу работа.

ЦИВИЛ МЕДИА: Меѓутоа зошто се кочи целата работа, зошто уште не е одбран, што мислите вие?

АДЕМИ: Мислам дека ова прашање треба да се постави во Собрание, каде што треба да нѐ именуваат, затоа што ние сме под капата на Собранието.

ЦИВИЛ МЕДИА: Затоа барате и поголема независност? 

АДЕМИ: Независност и со нашите извештаи во Собранието, што сакаме да ги разгледуваме, ќе бидеме уште потранспарентни…

ЦИВИЛ МЕДИА: Токму поради таа зависност за која зборувате, дали ви се случило, откако сте на оваа функција, да имате притисоци во изборен или било кој контекст?

АДЕМИ: Не. Како врховна ревизорска инситуција, функционираме многу независно од сите други институции. На пример, во Бугарија,, опозицијата бара да се ревидираат 5 субјекти, кај нас тоа не се случува. Веќе дваесет години сами си ги разгледуваме  нашите годишни програми и сами ги усвојуваме, а не, на пример, во Собрание. Потоа и јавно го објавуваме тоа на нашата веб страница.

Текст и монтажа: Биљана Јордановска
Камера и фотографија: Дехран Муратов

Share46Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ