Администрацијата на претседателот Доналд Трамп вели дека „агресивно“ ќе ги поништи визите на кинеските студенти кои студираат во САД, пренесува Би-би-си.
Државниот секретар Марко Рубио рече дека овој потег ќе ги вклучи „оние со врски со Кинеската комунистичка партија или кои студираат во критични области“.
Односите меѓу Пекинг и Вашингтон нагло се влошија во последните месеци, откако избувна трговска војна „око за око“ меѓу двете суперсили, предизвикана од царините на Трамп.
Минатата година во САД студираа околу 280.000 кинески студенти. Не е јасно колку од нив би можеле да бидат засегнати од најновиот потег.
Кина изјави дека „цврсто се спротивставува“ на потегот и ги повика САД да се стремат кон поконструктивни односи.
Кинеските државјани порано го сочинуваа најголемиот дел од меѓународните студенти запишани на американските универзитети, иако тоа неодамна се промени.
Ова доаѓа откако во понеделникот, американските амбасади низ целиот свет добија наредба да престанат да закажуваат термини за студентски визи, додека Стејт департментот се подготвува да го прошири проверувањето на социјалните медиуми на таквите кандидати.
М. Д.
ПРОЧИТАЈТЕ И ОВА: