Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на заедничката прес конференција вечерва рече дека Стево Пендаровски бил најпосакуван меѓу албанските гласачи.
„Пендаровски имаше највисок рејтинг на анкетите меѓу албанските гласачи, затоа се одлучивме за него“ – изјави Ахмети.
Во новинарско прашање во што се разликува Пендаровски во 2014 година, кога го бојкотираа, од сегашниот Пендаровски, Ахмети одговори дека тогаш пробале, но не постигнале договор, а сега имаат договор.
А. Зеќири