Во текот на 22 години работа на Ал Џазира, 11 новинари на Мрежата се убиени, многу се затворени, а стотина вознемирувани. Нивните платформи беа изложени на кибернетички напади, а се бараше и нивно згаснување. Новинарот Махмуд Хусеин притворен е во Египет, каде е задржан повеќе од 800 дена без обвинение, судење или пресуда, спротивно на египетското и меѓународното право, велат од Ал Џезеира.
Сѐ ова беше повод за краток промотивен спот на Ал Џазира Балкан кој симболично укажува на глобалните закани на слободата на медиумите.
Во едноминутниот спот во кој главната улога ја игра Арбен Бајрактарај, француски актер со албанско потекло, се прикажува денешната позиција на медиумите како заложници на системот и центрите на моќ.
Ал Џазира Балканс потсетува – на новинарите мора да им се обезбеди право на слободна работа. Затоа што новинарството не е злосторство.
Видео спотот е изработен по повод Светскиот ден на слобода на медиумите, 3 мај. Светскиот индекс на медиумски слободи на организацијата Репортери без граници (RSF), кој секоја година ја анализира ситуацијата во 180 земји и територии, покажува дека во многу држави е присутна атмосфера на страв, за што придонесува и анимозитетот на политичарите кон новинарите.
На овој негативен тренд не се имуни нити европските и демократски земји, велат од Ал Џезаира за што се доказ низата убиства на новинари, чии сторители во поголем дел се непознати. Меѓу новинарите кои се убиени од 2017 година до денеска се Лира Мек Ки, Џамал Кашогџи, Викторија Маринова, Јан Кучиак и Дафне Каруана Галиција…












