СДСМ одлучи да го назначи генералниот секретар на партијата, Александар Кирацовски за шеф на Изборниот штаб за претстојните претседателски избори.
„Изборниот штаб на СДСМ, заедно со останатите политички партии кои го поддржуваат заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, е подготвен да организира позитивна, принципиелна, мирна и достоинствена изборна кампања во духот на демократските и европските вредности“, стои во соопштението на СДСМ.
Од партијата велат дека на изборите, што ќе бидат фер и демократски, сигурно ќе победи Стево Пендаровски.
Б. Ј.