Нема законски основ Специјалното јавно обвинителство да ги предаде предметите на ОЈО од причина што само СЈО беше единствено надлежно да гони дела кои произлегуваат од “бомбите” изјави адвокатка Сања Алексиќ, бранител на неколкумина обвинети во предмети на СЈО, меѓу нив и обвинети во „Транспортер”.
– Ова не е само мое мислење, туку и на низа мои колеги. Според Законот за СЈО, тие имаа можност за преземање на предмети од ОЈО и такви предмети беа преземени пред четири години. Која е правната логика после четири години тие предмети пак да му се вратат на ОЈО? Законот за СЈО не и дава можност на Јанева да ги делегира овие предмети на било кое друго обвинителство – рече Алексиќ. / преземено од Слободен Печат












