Амбасадата на САД во Москва издаде безбедносно предупредување во врска со можни закани од напади врз голем број јавни места, вклучително и во Москва и Санкт Петербург, објави Твитер налогот под името Мајкл А. Хоровиц, безбедносен и геополитички аналитичар.

Обезбедувањето на Амбасадата на САД во Москва издаде предупредувањево за закана по безбедноста, во кое споменува напади врз трговски центри, железнички и метро станици, други места за јавни собири и области на зголемена тензија долж границата на Русија со Украина
Според извори од медиумите, имало закани за напади врз места за јавни собири во урбаните области вклучувајќи ги Москва, Санкт Петербург и во близина на руската граница со Украина.

-Ова ми е малку чудно, вели Хоровиц, што САД цитираат „медиумски извори“, но ќе видиме.
Предупредувањето е објавено и на Твитер налогот на портпаролот на американската амбасада во Москва, Џејсон П. Ребхолц.
Д.М.












