• Latest

Аналитичари: Средбата Ковачевски – Заев, може да има само бенефит за СДСМ

September 29, 2023

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Аналитичари: Средбата Ковачевски – Заев, може да има само бенефит за СДСМ

September 29, 2023 17:38
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Очигледно дека во тек е агрегација на прогресивниот фронт. Зоран Зев е еден од ретикте политичари кои се одликуваат со храброст и решителност, тој уште може да придонесе во политиката. Од последната средба на Бихаќка помеѓу Димитар Ковачевски, Зоран Заев и Оливер Спасовски – СДСМ може да има само бенефит“, велат политички аналитичари во изјави за „Фронтлајн“ – коментирајќи ја вчерашната средба на врвот на социјалдемократите во Скопје.

Фото: Б. Јордановска / ЦивилМедиа

– Појавувањето на Заев во Бихачка можеби е обид да се превенират шпекулаците кој се појавија во медиумите за нкакво разединување во СДСМ, и имајќи ја во предвид острата кавга помеѓу Мицкоски и Груевски, мислам дека ова е обид на СДСМ да покаже единство – наспроти конфликтната ситуација во опозицијата, изјави за „Фронтлајн“ – Петар Арсовски, политички аналитичар и публицист.

Во секој случај, додава тој, невозможно е СДСМ да излезе по слаб од таквата комбинација, напротив.

– Од таквиот потег може само да има бенефит во јавната сфера, односно во својот имџ, и тоа е главната причина за одржување на таквиот останок, нагласи Арсовски.

Ана Чупеска
Ана Чупеска

Универзитетската професорка и колумнистка, Ана Чупеска смета дека не само Заев, туку сè што е прогресива мора во најбрз можен рок да биде обединето во тој одамна најавуван Европски Фронт.

– Очигледно дека во тек е агрегација на прогресивниот фронт, со цел да се реализира конечното решение за земјава во смисла на евроинтеграциите. Лично, сметам дека не само Заев, туку сè што е прогресива мора во најбрз можен рок да биде обединето во тој одaмна најавуван Европски Фронт. Прогресивните сили мора да се здружат заради највисоката државна причина/цел – членство во ЕУ. Така што, за поздравување е овој гест, смета Чупеска.

Дритон Зенку
Дритон Зенку

Новинарот и познавач на политичките оклности во државата Дритон Зенку истакнува дека Зоран Заев е важна фигура на политичката сцена на Северна Македонија, па и пошироко. Според него, тој е еден од ретките политичари кои се одликуваат со храброст и решителност.

– Имаше сензационална политичка кариера и секоја функција ја добиваше директно од народот преку глас. Речиси две децении е функционер избран од гласачкото тело. Тој беше без конкуренција градоначалник во општина Струмица и таму победи во три изборни циклуси. Пред 2005 година, кога беше избран за градоначалник, две години беше пратеник. Беше избран и на парламентарните избори во 2016 година, но сега како лидер на СДСМ. За трите години колку што ја водеше СДСМ во опозиција, тој успеа да ја врати партијата на власт пред една арогантна и речиси диктаторска власт на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Се соочи со затвор како градоначалник и насилство во Собранието од власта на Груевски. Го постигна договорот со Грција и компромисот со Бугарија. Овие моменти го прикажуваат Заев како храбар политичар, вели Зенку за „Фронтлајн“.

Кога зборуваме за можното враќање во политиката, додава тој, знаејќи го неговиот пристап кон политиката, тоа би било дополнителен поттик за европскиот пат на Северна Македонија.

– Мислам дека Зоран Заев сè уште може да придонесе во политиката. Историјата ни покажува дека поранешните лидери на политички партии тешко се враќале во политиката, на пример Љубчо Георгиевски, но враќањето на Заев не е невозможно кога знаеме какви односи градел и со меѓународната заедница, нагласи тој.

Ерол Ризаов
Ерол Ризаов

Од друга страна според полтичкиот аналитичар Ерол Ризаов: „Очигледно и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ имаат голема потреба да прикажат единство во своите редови„.

Интервју со Оливер Спасовски за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа. Фото: Ангел Ангеловски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, зборувајќи за улогата на поранешниот премиер во политичкиот спектар на државата во интервју за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа изјави дека општеството за сите граѓани и визијата дека Република Северна Македонија мора да се гради како општество со еднакви можности на сите е визија која што не само да ја иницираше, туку ја заживеа и на дело ја постави како принцип на владеење и на градење на македонското општество – Зоран Заев, и тоа е факт од кој не може никој да избегне во овој момент.

– Неминовно е дека визијата на тогашниот претседател на СДСМ и премиер на Република Северна Македонија во којашто се отвори општеството за сите граѓани и визијата дека Република Северна Македонија мора да се гради како општество со еднакви можности на сите, е визија која што не само да ја иницираше, туку ја заживеа и на дело ја постави како принцип на владеење и на градење на македонското општество – Зоран Заев, и тоа е факт од кој не може никој да избегне во овој момент. Инаку, за напредокот и на СДСМ и на државата се сите потребни, најмногу оние кои најмногу дале за државата, Зоран Заев е еден од тие, изјави министерот Спасовски.

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешниот лидер Зоран Заев, кој одамна не е виден во партиски активности, седнаа на зедничка маса за да ги продискутират партиските и државните активности во насока на Еу интеграцијата на земјата.

Како што е соопштено, на координативната средба се разговарало „да се направи сè што е можно за да се обезбеди национален и државен консензус за да се исполни определбата на големото мнозинство граѓани, за Северна Македонија да стане европска држава до 2030 година“.

Дестан Јонузи

извор: Фронтлајн

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ