• Latest

Австрија со јасен став за одлука на Советот на ЕУ за старт на преговорите

October 7, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Австрија со јасен став за одлука на Советот на ЕУ за старт на преговорите

October 7, 2019 11:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јасна порака од Австрија со поддршка за проширувањето на ЕУ и за европските интеграции на нашата држава е изенсена на средбата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев со Александер Шаленберг, австриски сојузен министер за Европа, интеграција и надворешни работи.

Како што соопшти владината Прес-служба, на средбата е посочено дека има силен консензус во Република Австрија за позитивна одлука за Република Северна Македонија на октомврискиот Совет на ЕУ и дека таков јасен ќе биде и ставот на Австрија на Советот во октомври. На состанокот е констатирано дека позитивна одлука е единствената исправна одлука за нашата земја. Констатирано е дека Република Северна Македонија ги испорача потребните услови и дека сега е на ред Европа да испорача.

Премиерот Заев, се посочува во собранието, се заблагодари за големата принципиелна поддршка од Австрија во сите клучни процеси за демократскиот развој на нашата држава и посебно за напредокот во евроатлантските интеграции.

„Позитивната одлука од Европскиот совет за отворање преговори на ЕУ со Република Северна Македонија, за институциите и за граѓаните ќе значи продолжување на силната мотивација низ европските вредности да придонесуваме во развојот на нашата држава и регионот. Преспанскиот договор е редок пример на договор преку којшто низ искрен дијалог за чувствителни прашања дојдовме до решение на децениски отворено билатерално прашање, реформите ги правиме во консензус со опозицијата, цврсто сме определени за владеење на правото и борбата против корупцијата низ конкретни примери дека законите важат еднакво за сите. Република Северна Македонија е добар пример како со посветеност на европските вредности на дело, се можни резултати“, рече премиерот Заев.

На средбата е констатирано, се додава во соопштението, дека можноста што ја доби Република Северна Македонија, заедно со Република Бугарија да копретседава со Берлинскиот процес во следната година е силна порака за европската поддршка на нашата држава.

Премиерот Заев соопштил дека позитивната одлука од октомврискиот Совет на ЕУ само ќе ја зацврсти довербата и на другите земји во регионот, кандидатки за членство во ЕУ, дека реформите и решенијата на билатералните прашања, на мирен начин низ дијалог, носат придобивки во европските аспирации.

На средбата е констатирано дека Република Австрија е еден од значајните инвеститори во нашата земја. Пренесено е дека Република Австрија има силна доверба во Република Северна Македонија и дека економската соработка ќе се развива во иднина, стои во соопштението.

На состанокот е разговарано и за добрата соработка во врска со решавањето на мигрантската криза, како и за унапредувањето на добрите билатерални односи меѓу двете држави.


извор МИА

Share53Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ