• Latest

Балтичките земји се исклучуваат од руската електро-мрежа

February 8, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Балтичките земји се исклучуваат од руската електро-мрежа

February 8, 2025 12:11
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Литванија, Летонија и Естонија денеска почнаа да се исклучуваат од руската електро мрежа и да се приклучуваат на европскиот систем. Овој процес беше инициран пред неколку години, а стана итен по почетокот на руската инвазија на Украина.

Трите балтички земји, поранешни советски републики и членки на ЕУ и НАТО од 2004 година, се одвојуваат од руската мрежа, на која се приклучени уште од времето на Советскиот Сојуз, за ​​да ја спречат Москва да ја претвори во оружје против нив.

– Можам да потврдам дека процесот на исклучување започна во 6:00 часот, изјави Матас Нореика, портпарол на јавниот оператор на литванската национална електро мрежа Литгрид.

Литванскиот министер за енергетика Зигмантас Ваикунас рече дека ова ја лишува Русија од можноста да го користи електроенергетскиот систем како средство за геополитичка уцена.

Преку мрежата X, шефицата на европската надворешна политика Каја Калас, поранешна естонска премиерка, ја поздрави „победата за демократијата“.

Официјални прослави за одвојувањето од руската електро мрежа се планирани во три земји.

Летонија денеска физички ќе го пресече кабелот за струја што ја поврзува со Русија, а претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен треба да учествува на церемонијата со балтичките лидери во недела во Вилнус, Литванија.

– Ние сме подготвени, објави литванскиот премиер Гинтаутас Палукас на мрежата Икс, поздравувајќи го почетокот на новата ера на енергетска независност на трите земји.

Процесот траеше неколку години поради бројните технолошки и финансиски проблеми и потребата да се диверзифицира снабдувањето во меѓувреме, преку подморски кабли.

Промената стана итна по почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, што ги зголеми стравувањата кај балтичките земји дека тие се следната цел на Москва.

Оттогаш, трите земји престанаа да купуваат руски гас и електрична енергија, но нивните електрични мрежи останаа поврзани со Русија и Белорусија, а регулацијата е контролирана од Москва.

Тие продолжија да зависат од Русија за стабилно снабдување со електрична енергија, особено за индустријата.

Откако балтичките земји ќе се исклучат од руската мрежа, тие ќе работат изолирано 24 часа за да ја тестираат фреквенцијата на нивните мрежи.

Потоа, 24 часа, балтичкиот електроенергетски систем ќе работи независно, а во недела ќе биде поврзан со континентално-европската и нордиската мрежа преку Финска, Шведска и Полска.

Властите предупредија дека може да има проблеми.

Одделот за безбедност на Литванија оцени дека може да има операции против критична инфраструктура, сајбер напади и кампањи за дезинформација.

Полскиот оператор ПСЕ најави испраќање хеликоптери и дронови за следење на врската со Литванија.

Летонскиот претседател Едгарс Ринкевичс изјави за јавната телевизија ЛТВ1 дека, иако трите земји се целосно подготвени, тој не може да ја исклучи можноста за провокации.

Во Естонија, полицијата и волонтерите ќе бидат стационирани на основната електрична инфраструктура до следниот викенд, поради ризик од саботажа.

Неколку подводни телекомуникациски и енергетски кабли беа оштетени во Балтичкото Море во последните месеци, а експерти и политичари ја обвинија Русија за водење хибридна војна, што таа го негираше.

Во проектот за синхронизација во овие три земји и Полска беа инвестирани вкупно 1,6 милијарди евра.

Литванскиот претседател Гитанас Наузеда уверуваше дека луѓето нема да почувствуваат никакви промени, ниту на нивните сметки, ниту на нивното снабдување.

Кога балтичките земји ќе бидат исклучени, енергетскиот систем на руската енклава Калининград ќе функционира во „островски режим“, без поврзување со руската континентална мрежа.

Запрашан за ова, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, минатата недела рече дека Русија ги презела сите неопходни мерки за да гарантира сигурно и непречено функционирање на нејзиниот обединет енергетски систем, пренесе МИА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ