• Latest

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025

„Децата молчат, ние мора да зборуваме“: Почнува кампања „1 од 5“ за спречување сексуално насилство врз деца

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН го прифати американскиот план за мир во Газа

November 18, 2025

Загрепскиот небодер ‘Вјесник’ во пламен: Огнот беснее по катовите, штетата огромна, нема човечки жртви

November 18, 2025

Студентите од Србија под кибер-офанзива: „Некој сака да го замолчи нашиот глас“

November 18, 2025
Фото: Скриншот од Фејсбук страната на германската амбасада во Приштина

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул денеска во Скопје

November 18, 2025

Бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции до 21 ноември

November 18, 2025

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025 14:10
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Кампања за побезбеден сообраќај во текот на летото е промовирана денеска на граничниот премин „Богородица“, а присуствуваа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангелов.

Како што соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи, покрај пречекорување на дозволената брзина и возење под дејство на алкохол, заморот претставува една од клучните причини за сообраќајни несреќи во текот на летниот период. Особено ризична е делницата од граничниот премин „Табановце“ до Гевгелија и во двата правци, се наведува во соопштението, каде секоја година се бележат повеќе сообраќајки со сериозни последици.

Оваа состојба се должи на тоа што станува збор за дел од европскиот транспортен коридор, по кој секојдневно се движат илјадници возила. Возачите, изморени од долгите часови зад воланот, често ја губат будноста и концентрацијата, а не е реткост некои дури и да заспијат при возење – што резултира со несреќи од трагичен карактер. Со оглед на ваквата ситуација, Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во текот на летната сезона, ќе спроведат едукативно-превентивни активности на двете насоки од Коридорот 10, под мотото „Безбедно во лето  – вози одморен“.

Денеска кампањата на граничниот премин „Богородица“ ја промовираа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Горан Ангелов, посочуваат од Министерството за внатрешни работи.

Кампањата има за цел да ги потсети возачите на опасностите што ги носи заморот зад воланот, на сериозните последици што може да настанат од сообраќајки предизвикани од ненаспаност и намалена концентрација, како и да ги охрабри да прават редовни паузи, да пијат повеќе течности, да патуваат одморени и да го запрат возењето веднаш штом ги забележат првите симптоми на замор.

– Сакаме да ја подигнеме свесноста на сите оние коишто се зад воланот, во рамки на овие летни горештини, колку што може повеќе да пијат течности, да прават редовни паузи во рамки на возењето, да ги почитуваат сообраќајните правила, да не ја пречекоруваат пропишаната брзина. Целта е да имаме што може помал број на сообраќајни незгоди и жртви во нив. Како и досега, така и понатаму продолжуваме со голем број превентивни активности, што се поврзани со безбедно управување на моторните возила, изјави министерот Тошковски.

Според Ангелов, податоците покажувале дека во текот на летото, во просек 15 лица месечно го губат животот.

– Тоа е бројка што не смееме да ја игнорираме и кон чие намалување мораме заеднички да работиме преку директни мерки и едукатно-превентивни активности. Клучната порака е да се тргне на пат само кога сме одморени и подготвени. Заморот и намалената концентрација се меѓу најчестите причини за сообраќајни незгоди во лето. Затоа возете смирено, одговорно и без агресија, без разлика на метежот. Избегнувајте возење во доцните ноќни часови кога особено влијае заморот но и при екстремно високи дневни температури, апелира Ангелов.

МВР во соработка со РСБСП продолжуваат со едукативни, сообраќајно превентивни активности, но и со засилени контроли од страна на сообраќајната полиција.

Фото: Министерство за внатрешни работи

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ