• Latest

Борел не ветува датум, туку волја за брзи преговори

March 14, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Борел не ветува датум, туку волја за брзи преговори

March 14, 2022 15:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ и потпреседател на ЕК Жосеп Борел изјави дека не може да вети датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, но, како што истакнува, ветува волја, а каде има волја, има и начин. Премиерот Димитар Ковачевски, пак, апелира до сите земји членки на ЕУ час поскоро да се определи датум за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, пренесува МИА.

– Билатералните прашања не смеат веќе да загрозуваат никаков процес на пристапување, дури ни ако се засновани на етничко-лингвистички согледувања. Тоа е нашата заложба, изјави Борел на денешната заедничката прес-конференција со Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања во врска со почетокот на преговорите со ЕУ и отворените прашања со Бугарија.

Додаде дека го разбира разочарувањето што многумина го чувствуваат во Северна  Македонија и повтори дека стартот на преговорите за пристапување на државава и на Албанија е висок приоритет за ЕУ.

– Постојано оценуваме дека земјата е подготвена за почеток на разговорите за пристапување и тоа не е реторичка изјава, тоа е цврста проценка и заложба и изјава за намера, рече високиот претставник на ЕУ Борел.

Тој оцени дека одлуките донесени од Владата на Северна Македонија уште повеќе ја поврзуваат земјата со вредностите на ЕУ, затоа што, посочи, таа многу јасно ја искажа својата волја да оди што побргу на овој пат, но, наведе дека постои проблем кој се обидуваат да го решат со помош на сите нивни капацитети.

Најави дека ќе продолжат да разговараат со Бугарија се додека не се реши ова прашање.

Според Борел, позитивната работа е дека сега меѓу двете влади и двајцата премиери има многу поцврста волја да се постигне решение.

–  Секако, целта на моето патување не е да го подигнам евроскептизимот, туку напротив, ниту да се зголеми странското влијание во земјата. Мислам дека моментот е сега, постојано комуницираме и проценуваме дека земјата е подготвена да започне преговори за пристапување. Не можам да ветам, но можам да уверам дека правиме се што можеме пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија да започнат на следната меѓувладина конференција, рече тој, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе разговараат со Бугарија по оваа посета на регионот за забрзување на процесот и да се дојде до решение.

На новинарско прашање дали на средбата со Борел побарале европска интервенција за конкретни чекори односно датум за почеток на преговори во јуни, премиерот Ковачевски одговори дека за датуми не се врзува, туку за остварување на цели што треба да се направат.

-Да се дојде до решение кое прво ќе биде прифатливо за двете страни. Решенијата треба да бидат во духот на еворпските вредности, треба да се базираат и на задржување на достоинството на двата народа и двете држави и одлуката треба да биде прифатена и донесена од страна на сите земји члники на ЕУ, појасни меѓу другото Ковачевски. Разговарав со Борел, додаде, и добивме уверување дека сите овие разговори ќе ги пренесе во ЕК.

Премиерот Ковачевски, прашан од новинарите дали има најава за нова средба на ниво на премиери и за кои прашања би се разговарало, одговори дека имаат редовна комуникација и со премиерот Кирил Петков и на ниво на ресорни министерства. Потсети дека министерствата за надворешни работи на двете држави работат на политичките прашања и имаат редовна комуникација на ниво на експерти.

– Во моментот кога ќе имаме заедничко прифатливо решение, кое ќе се заснова на европските вредности, ќе се заснова на ставовите кои ги отсликуваат позициите на нашата држава декларирани во Собранието, тогаш тоа заедничко постигнато решение ќе биде споделено, изјави Ковачевски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ