Британската амбасада во Скопје, преку својот Фејсбук профил објави дека во воздушна операција за евакуација од Кабул, меѓу евакуираните лица има и 30 македонски државјани.
Во објавата стои дека Обединетото Кралство останува посветено на гаранцијата дадена на сите оние што не поддржаа во текот на 20 -годишните операции во Авганистан ќе бидат безбедни.
Откако во петокот, 15 август, започна воената мисија за евакуација на авганистанските и британските државјани, во рамките на операцијата ПИТИНГ, досега се извлечени 8.458 луѓе од Кабул.
Меѓу евакуираните има и 30 македонски државјани кои минатата недела беа евакуирани со лет на Министерството за одбрана во воздушна база во Велика Британија.
За пружената помош при евакуирањето на нашите граѓани од Авганистан , преку својот Твитер профил на британската амбасадорка се заблагодари министерот за надворешни работи Бујар Османи.














